Friday, April 28, 2006
Повторно статија за Стар Трек раса напишана од читател. Авторот е Милан Тасевски.


Место на живеење

Најомилената моја раса, Андоријанците, се хуманоидна раса која живее на месечината Андорија која се наоѓа во Алфа Квадрантот близу Вулкан и е центар на Андоријанската Империја. Андоријанците, заедно со другите три раси (луѓето, Вулканците и Теларитите) ја формирале Обединетата Федерација на Планети (United Federation of Planets).

Физиологија

Андоријанците имаат сина кожа и бела коса, и имаат метаболизам подобар отколку кај луѓето. Многу се чувствителни на високи температури и ако некој Андоријанец е изложен на температура повисока од онаа на која водата врие тогаш тој може да изгуби 10% од својата тежина.

Карактеристична особина на Андоријанците се антените. Тие им служат за баланс. Доколку некој Андоријанец изгуби антена, тој подоцна не ќе може да се бори и губењето на антена претставува понижувачко искуство меѓу Андоријанците. Антените можат да се регенерираат и по 9 месеци да нараснат во иста големина. Некогаш антените покажуваат што чувствуваат Андоријанците. На пример насочување на антените кон некоја личност претставува чувство на привлечност.

Општество

Општеството на Андоријанците е милитаристичко. Ова може да се види по тоа дека оружјата на Андоријанците немаат опција за зашеметување. Тие никоаш не се борат без причина. Било чест да се служи во Андоријанската Империјална Гарда. Андоријанците се сметаат себеси за многу емотивна и страсна раса, иако не се многу дарежливи и добротворни, но затоа пак многу се емотивни кога се работи за нивните фамилии.

 
автор: Бојан Николов @ 4/28/2006 11:57:00 PM |


2 Comments:


At 2:29 PM, September 10, 2006, Anonymous Anonymous

Sekoja cest...Super e sto vo natpisot ima dostapni mnogu interesni informacii...

 

At 12:17 AM, September 18, 2006, Anonymous Chronic

Мала исправка на голема грешка. Андоријанците не губат 10% од својата тежина на температура близу точка на вриење(100C) туку близу точката на мрзнење (0C. Односно, апсурдно е да се зборува дека ако ставиш некого да се вари е осетлив на виска температура :)
Андоријанците се осетливи на температури над 0C поради тоа што нивната планета е под мраз и се развивале во такви услови.

P.S.
Бобо, мрзо една, поправај ова и убаци тоа мојот пост од TFU за ТАЅ.