Tuesday, April 04, 2006

Rura Penthe е астероид кој го поседува Клингонската Империја. Се користи како колонија на која се чуваат затворениците осудени од Клингонската Империја. Астероидот е всушност рудник за дилитиум. На Rura Penthe има екстремно ладна температура, и целиот астероид е преплавен со глечери.

Затворениците копаат дилитиум под површината на Rura Penthe. Најголемата казна која што може да ја додели Клингонската Империја, е да осуди некој доживотно на Rura Penthe. Оваа казна се смета за полоша од смртната казна, иако се зборува дека на Rura Penthe тешко е да се преживее и шест месеци поради ниските температури.

За да се спречи транспортирање, односно бегство на затворенците со помош на транспортер, на Rura Penthe има магнетни штитови кои спречуваат такво транспортирање.

Еден од затворениците на Rura Penthe осуден доживотно е и капетанот Archer, кој е веднаш спасен од екипажот на Enterprise NX-01, а сигурно се сеќавате дека меѓу затворениците на Rura Penthe во Star Trek: The Undiscovered Country беа и капетанот Kirk и докторот McCoy. Но, и тие бегаат.
 
автор: Бојан Николов @ 4/04/2006 07:47:00 PM |


2 Comments:


At 9:09 PM, April 07, 2006, Anonymous Zlatko

Izbegaa zatoa sto bea vo glavna uloga :)).

Pozdrav

 

At 1:40 AM, April 08, 2006, Anonymous Коста13

И јас гледав кога заглавија на Рура Пенте, Арчер и неговиот адвокат!