Tuesday, April 11, 2006

Вчера, на кабелската мрежа G4 (во САД, се разбира) започна емитувањето на т.н. Star Trek 2.0. Star Trek 2.0 не е ништо друго, туку реемитување на старите епизоди од оригиналната серија, со додадени "интерактивни компоненти". Интерактивните компоненти се состојат од повеќе работи прикажани на екранот заедно со епизодата, вклучувајќи live chat преку кој ќе се прикажуваат коментарите на гледачите додека ја гледаат епизодата, потоа интересни факти за тековната епизода или за серијата воопшто, банални статистички податоци (колку пати досега Spock рекол "logical", колку пати Uhura ја допрела слушалката, колку рендом членови на екипажот умреле и сл.), и, што е можеби најбизарно, нешто што се вика Spock Market. Последново е симулација на берза на која гледачите ќе тргуваат со акции од членови на екипажот и други концепти од сериите (да, може да се купат акции од Kirk и да се продадат акции од Федерацијата) со кредити кои ги добиваат кога се даваат епизодите ако се регистрирани на www.g4tv.com/trek2.0, иако би морал да кажам дека не знам зошто некој би сакал да се занимава со ова.

Општото мислење меѓу Star Trek фановите е дека ова е уште еден очаен обид да се измолзат пари на стара слава.

 
автор: З. Андоновски @ 4/11/2006 03:35:00 AM |


5 Comments:


At 12:41 AM, April 13, 2006, Anonymous Creeper

E zdravo jas sum od blog.com.mk i jas isto taka se interesiram za ovie raboti.Ako sakas mozes da go poglednes blogot za da vidis dali ke ti se dopadne

 

At 5:42 AM, April 15, 2006, Anonymous Prebundo

Iako ima pauza vo snimanjeto na star trek se nadevame deka pak ke otpocnat da realiziraat novi serii ,vprocem megu prvite serijali i Next generation imase deceniska pauza

 

At 5:00 PM, April 24, 2006, Blogger Master Ckalja

....и не само тоа, може и да се продолжи после Пикард со нешто ептен ново,нели?

 

At 5:04 PM, April 24, 2006, Blogger Master Ckalja

Прашање - А што уствари ја добивам со тоа дад речеме ако купам акции од Кирк или Федерацијата. И тогаш што?
Како и да е некој треба да им каже дека со вакви махинални грешки и глупости многу го рушат угледот на едно ремек дело како Стар Трек.
Мислам - пазарна економија и тргување со акции во Федерацијата, тоа е за мене богохулие!
Кутриот Rodenberry гарант у гроб се превртува на вакви идиотштини.

 

At 5:06 PM, April 24, 2006, Blogger Master Ckalja

Башка еве нешто што за мене би било интересно - серијал од аспект на некоја друга раса - на пр. клингонски брод со клингонски екипаж или ромулански и нивни авантури, целава ствар од нивна перспектива! Што ќе кажете на ова?