Sunday, April 16, 2006
Тродимензионалниот шах е варијанта на шахот, при што таблата се состои од седум нивоа, три поголеми фиксни нивоа и четири двојно помали подвижни нивоа. Стационарните нивоа се распоредени во облик на скали при што секое погорно ниво е поместено во однос на претходното за два реда. Подвижните нивоа почнуваат од аглите на горното стационарно ниво, при што ги покриваат агловите квадрати на најгорното и најдолното ниво, две по две. Фигурите се исти како и во традиционалниот шах: двајца Кралеви, две Кралици, четири Ловци, четири Топови, четири Коња и шеснаесет Пиони, поделени на Црни и Бели. Почетната положба на фигурите кога се гледа одозгора е иста како кај стандардната игра, со по еден Коњ, еден Топ и пар Пиони на секое од подвижните нивоа, а Ловците, Кралот, Кралицата и преостанатите четири Пиони на најгорното или најдолното стационарно ниво, при што Белиот е најдолу, а Црниот е најгоре, а средното ниво е празно. Движењето на фигурите е слично како кај традиционални шах, со тоа што може да се движат и вертикално по нивоата, зависно од фигурата, но како и да е, гледано одозгора, делува како правилен потег во традиционалниот шах.

Altonian brain teaser е неверојатно тешка сложувалка која одговара на тета мозочни бранови. Играта се состои од топка со повеќе бои, која играчот се обидува да ја претвори во цврст конус. За да се постигне ова потребна е целосна бистрина на умот, а играчот мора наполно да се фокусира на задачата, при што не постои никаков физички контакт.

Dabo е Ференги игра слична на рулет. Кога се добива, вообичаено се извикува "Dabo!" Често пати Dabo масата е лажирана. Dabo девојките се специјално обучени од страна на нивните работодавци да го свртуваат вниманието на играчите. Изреката гласи: "Гледај го тркалото, а не девојката."

Dom-jot е игра со топка и стап на табла со неправилна геометриска координација, слична на билијардот, со одредени елементи на pinball.

Tongo е стратешка игра на Ференгите која е комбинација на карти и рулет и се игра помеѓу два до осум играчи. Целта на играта е да се освои, или стекне, колку што е можно повеќе богатство. За да се учествува во Tongo мора да се има многу латинум. Четирите опции кои му стојат на располагање на играчот се 'соочување', 'избегнување', 'стекнување', или 'повлекување'. Секое фрлање на коцката има цена на 'ризик', 'купување' и 'продавање', при што износот на ризикот е еднаков на продавањето минус купувањето.

Kadis-kot е игра која користи хексагонална табла и 3 групи обоени елементи. Може да се игра помеѓу двајца, до пет играчи, било со една табла или со две.

Kal-toh е Вулканска игра на напорна стратегија која може да се игра сам или со повеќе играчи. Целта на kal-toh не е стремеж кон рамнотежа туку пронаоѓање никулци на редот дури и среде длабок хаос.

Kotra е популарна Кардасијанска игра со табла, која поправо претпочита храбри тактички маневри отколку дефанзивна игра.

Strategema е електронска игра со два противници. Опремата за играње се состои од холографски проектор кој создава слика на три паноа. Користејќи ги контролите кои се поставени на секој прст, играчите се обидуваат да ги движат елементите од играта со цел за да ја променат бојата на паноата во претходно назначена боја, додека другиот играч се обидува да го постигне истото. Кога еден играч целосно ќе ја промени бојата на паното во неговата означена боја, тој е победник.

Velocity е натпреварувачки спорт кој се игра еден против еден, при што секој играч мора да избегне да биде погоден од страна на еден диск преку пукање во него со phaser, одбивање од ѕидовите и испраќање кон противникот. Тоа е брза и напорна игра, при што двајцата играчи се во постојано движење, наведнување и вртење. Дискот кој се користи е аеродинамичен, метален предмет, со пречник од 20-тина сантиметри, кој свети со различна боја кога ќе биде погоден од страна на натпреварувачкиот phaser - вообичаено сино или црвено - зависно од боите кои се избрани претходно.
 
автор: Dr. Philem0n @ 4/16/2006 05:16:00 PM |


5 Comments:


At 12:45 AM, April 17, 2006, Blogger Бобо Николов

Колега, текстов ме остави без зборови! Одлично! :)

 

At 1:34 AM, April 17, 2006, Blogger Андреј

Пред едно 3-4 недели ја гледав епизодата (почеток на прва сезона) од TOS каде се игра тродимензионалниот шах. Имало значи некакво значење, а јас мислев дека е уште една наивна измислица типична за TOS :)

 

At 11:36 AM, April 17, 2006, Anonymous Anonymous

e ova e vekje interesno...

dali go ima na I-net da se kupi ova chudo?

i dali ima zvanicen help za toa kako se igra ?!


TheBreaker

 

At 11:55 AM, April 17, 2006, Blogger З. Андоновски

Пробај http://my.ohio.voyager.net/~abartmes/tactical.htm

 

At 4:54 PM, April 24, 2006, Blogger Master Ckalja

Сериозно, да пробаме да го најдеме шахчево, многу јако изгледа за играње. Баш ке проверам сегде кај што знам па да најдеме и да степаме некоја партија на тоа чудо!
Браво за текстов!