Sunday, April 30, 2006
Ѕвезда ни испрати статија за Trill расата.

Место на живеење

Планетата Trill е од класата М и се наоѓа во Алфа квадрантот. Составот на атмосферата е претежно кислород и азот, што ја прави многу слична со Земјата. Голем дел од планетата е водна површина со карактеристична виолетова боја. Два типа на интелигенти животни форми се развиле на оваа планета: хуманоиди и симбионти.

Физиономија

Видот Trill припаѓа на хуманоидна врста. Овој вид има две раси: Алфа претставува 10% од Trill-популацијата, и се разликува од Бета по испакнатите чела. Препознатлива карактеристика на двете раси се двата реда виолетови точки кои се протегаат од глава до пети на двете страни на телото. Овие белези можат да ја сменат формата со тек на време, но секогаш остануваат на исто место на телото. Припадниците на Алфа помеѓу себе комуницираат телепатски, додека расата Бета има развиено свој јазик. Вториот вид се Симбионтите, црвовидни суштества кои живеат во во морињата, или во водени базени чувани од The Guardians. Иако се многу интелигентни и имаат животен век од илјадници години, нивното тело не е доволно развиено. Симбионтите меќусебно комуницираат преку електрични импулси пренесувани од водата во којашто живеат.

Симбиоза и здружување

Мал дел од Trill популацијата (најчесто Бета) доброволно коегзистира со симбионт во нивните тела. Бидејќи симбионтите живеат подолго, по смртта на Trill-домаќинот се префрлуваат во друг Trill. Организмот кој претставува заедница од Trill и симбионт (joined Trill) поседува личност која е синтеза од двете суштества, ги наследува знаењето, сеќавањата, и донекаде личноста на претходниот домаќин. Комбинирањето на личностите може да доведе до сериозни психолошки проблеми доколку тие не се компатибилни, резултирајќи со отфрлање од страна на домаќинот и негова смрт. Кога Trill од расата Алфа се здружува со симбионт (што е редок случај), неговата личност е целосно потисната од личноста на симбионтот.

Процесот на здружување се состои од имплантирање на симбионтот во стомачната празнина на домаќинот и поврзување на церебралнот кортекс на двете суштества.

Последниот дел од церемонијата на здружување, zhian’tara е запознавањето на здружениот Trill со претходните домаќини. Личностите и сеќавањата на претходните домаќини телепатски се префрлуваат во телата на присутните пријатели, овозможувајќи му на новиот домаќин да се “запознае” со неговите претходници. По 93 часа од здружувањето, двата организми стануваат биолошки меѓузависни. Отстранувањето на симбионтот би значела сигурна смрт за домаќинот.

Општество

Trill-овите се водени од група здружени Trill-ови (joined Trills), познати како Community. Групата се избира од страна на симбионтите и здружените Trill-ови; нездружените Trill-ови немаат право на глас.

Trill-овите се технолошки напредна врста. Своето знаење го концентрираат на добронамерни експерименти и не се воинствена раса. За разлика од земјаните, романсата меѓу два Trill-a се смета за пречка и слабост на помладите; законот им забранува продолжување на романтична врска помеѓу здружени Trill-ови од страна на последователните домаќини.

Најголема чест за секој Trill е здружувањето со симбионт. Бидејќи бројот на симбионти е помал од бројот на Trills, потенцијалните домаќини се избрани по ригорозен тренинг и набљудување од Симбионтската Комисија. Одпрвин се сметало дека само 1 од 1000 Trills се погодни за да бидат домаќини, но всушност повеќе од 50% од нив се способни за истата функција. Овој факт се чува во тајност со цел да се одбегне потенцијалниот хаос кој би следел доколку оваа информација стане јавна; наместо бесценети зачувувачи на знаењето и искуството, симбионтите би станале пазарна мета.

Здравјето на симбионтот е секогаш на прво место, дури ако тоа би значело смрт за домаќинот. Сеќавањата на претходниот домаќин не смеат да влијаат врз службата и обврските на новиот домаќин. Ова е строго забрането од страна на Симбионтската комисија; доколку правилата се прекршат, виновните Trill-ови се отстрануваат засекогаш од општеството, и симбионтите умираат заедно со домаќинот.

 
автор: Бојан Николов @ 4/30/2006 06:25:00 PM |


5 Comments:


At 8:59 PM, April 30, 2006, Anonymous Anonymous

3 pti ura za Zvezdee:))

 

At 12:21 AM, May 01, 2006, Blogger pupa

uste 3 i od mene..muthafucka:))Z is the boss:))

 

At 2:15 PM, May 03, 2006, Blogger Master Ckalja

BRAVO za statijava, super e!
Neka bide pottik za site sto imaat po nesto da ostavat za bilo koja rasa!
Pak BRAVO!!!

 

At 7:34 PM, May 10, 2006, Anonymous JS

Jadzia Dax mi e najomileniot i najimpresivniot lik od epizodite na Startrek opshto.Tolku mlada, sharmantna, a polna so iskustvo od prethodnite domakini. Posebno mi beshe interesen odnosot so Klingoncite,kako i vrskata so Worf.Koga posle Next generation na Hrvatskata pochnaa da go davaat Deep Space Nine prosto ne mi se gledashe ama posle mi beshe mnogu interesno a posebno likot na Jadzia.
I, bravo za statijata.

 

At 10:33 AM, July 23, 2006, Anonymous Smoke

Drugs are just bad, you should try to use Herbal Alternatives as a temporary replacement to loose the dependance!