Sunday, May 28, 2006
Огнениот песок, или огнената бура се јавува во пустините на планетата Вулкан. Овие бури се карактеризираат со брзи ветрови, при кои се крева песокот. При ова се создава електрицитет, и настануваат силни грмотевици кои удираат блиску до земјата. Овие бури можат да траат од неколку часа, до неколку дена. Ако сте ја гледале епизодата "The Forge" од четвртата сезона на Star Trek: Enterprise сигурно се сеќавате кога Archer и T'Pol ќе се најдат во ваква бура, и ќе се засолнат во една пештера.

Види линк: Вулканци
Види линк: Вулкански fal-tor-pan ритуал
 
автор: Бојан Николов @ 5/28/2006 05:02:00 PM | 2 коментар(и)
Friday, May 26, 2006
Место на живеење

Бејџорите се хуманоидна раса која потекнува од планетата Бејџор, која се наоѓа во Алфа Квадрантот. Бејџорите претставуваат една од најстарите и најбогатите култури во квадрантот иако во поновата историја многу имаат загубено во војните со Кардасијанската Унија. Со нивното конечно ослободување од Кардасијанците и откривањето на Бејџорската црвја дупка, Бејџорите завземаат нова позиција како раса која е важен играч во интергалактички рамки.

Физиологија

Бејџорите по изглед се многу слични на луѓето, но се разликуваат по серија од четири до седум бразди (вдлабнатини) преку нивните носеви. За разлика од човековото срце, бејџорското срце лежи хоризонтално. Периодот на бременост кај бејџорските жени е пет месеци во кои се формира комплексна мрежа на крвни садови помеѓу мајката и фетусот. За време на овој период на бременост, бејџорските жени имаат чести напади на неконтролирано кивање.

Власт

По Кардасијанското повлекување од Бејџор, Бејџорската Провизиона Влада била поставена да управува со планетата и нејзините различни колонии. Бејџорската политика е балансирана помеѓу Комората на Министерства, раководена од Првиот Министер и религиозниото Ведек Собрание водено од лидер кој се нарекува “Каи”. Возможно и дозволено е Првиот Министер и Каи да се една иста личност.

Религија

Бејџорската религија е голема обединувачка сила на планетата, личноста која е Каи, спиритуалниот лидер носи со себе огромен морал и политички авторитет кој го советува и влијае на политичкиот лидер на планетата, т.е. Првиот Министер. Каи се избира од Ведек Совет, титула која им се дава на религиозните лидери. Други религиозни титули се Ранџен и Прилар. Бејџорската религија се базира на откритијата на “Пророците” кои се познати како безвременски суштества кои живеат во Бејџорската црвја дупка или како што бејџорите го нарекуваат “Земниот Храм”. Дел од бејџорската религија вклучува и употреба на “Солзите на Пророците”, дисторзиски енергетски кугли произведени од Пророците.

Општество

Бејџорското општество, култура и обичаи се тесно поврзани со нивната религија и религиозно убедување. Тие говорат на свој посебен јазик, наречен Бејџорски кој се состои од квадратни симболи кои пак се состојат од густи линии. Симболите имаат значење во сите осум насоки. Можат да се пишуваат и хоризонтално и вертикално. Секој симбол претставува една мисла или еден збор. Исто така кај нив најпрво се пишуваат презимињата, а потоа имињата.

Обичаи

Право на присуство на традиционалниот начин на раѓање на Бејџор има семејството на жената и бабица. Целта на ритуалот е постигнување на целосна релаксација преку комбинација на вежби, ритми и музика овозможувајки и на жената да се породи без болка. Кога се раѓа детето, тоа е пречекувано со зборовите – Разбуди се дете, те чекаме и ти посакуваме добредојде на светот.

Бејџорите обично ги закопуваат своите мртви во гробови обележани со декоративни арки. Погребните обичаи знаат да траат доста долго, земајки во предвид дека само посмртното пеење (оплакување) трае околу два часа.

Презерваџијата на телото не е битна за Бејџорите бидејки тие веруваат дека после смртта на личноста нејзината “pagh” (душа) им се придружува на Пророците во нивниот Земен Храм оставајки само празна лушпа. За да ја ожалат смртта на саканиот тие палат посебни “duranja” ламби.

ИСПРАТИЛ: Иван С.

Види линк: Пророците од Бејџор

 
автор: Бојан Николов @ 5/26/2006 01:34:00 PM | 0 коментар(и)
Tuesday, May 23, 2006

Фановите не дозволуваат Star Trek да згасне. Овие две сезони се доказ дека се додека има фанови, овој феномен нема никогаш да умре. Веројатно повеќето знаат за овие две сезони (во пишана форма). За жал, проектот Voyager Virtual Season, нема планови да продолжи со 10-та сезона, но и овие две се доволни за фановите на Star Trek: Voyager. Сите епизоди се (нормално) бесплатни, можете слободно да си ги симнете. Летото е пред вас, така да спремете се на читање! :)

Види линк: Voyager Virtual Season Project
 
автор: Бојан Николов @ 5/23/2006 11:34:00 AM | 0 коментар(и)
Thursday, May 11, 2006
Македонија е најтазе земја членка на Trek Fans United. За многу кратко време (отприлика два месеци), нашиот оддел таму, брои најмногу пораки, најмногу членови... Пред тоа, во Европа на прво место беше Словенија, но ги стигнавме и ги престигнавме. Имаме (скоро) дупло повеќе дискусии, пораки, и многу поголема активност. Нашите членови дури и им помагаат на другите земји, чии секции стагнираат некое време.

Докажавме дека го заслужуваме местото (моментално сме на прво место во Европа по активност) таму, и дека во Македонија има голем број на Star Trek фанови. Горд сум што нашата земја е на прво место. :)

Види линк: Европска секција на Trek Fans United
Види линк: Македонија на Trek Fans United
 
автор: Бојан Николов @ 5/11/2006 02:23:00 PM | 2 коментар(и)
Sunday, May 07, 2006

Петицијата за Enterprise е спремна и додека го читате ова, патува до Paramount. Пакетот содржи 135 страници, со вкупно 8320 потписи од фанови од целиот свет. За жал, не се собраа 10000 потписи. Луѓето од Trek Fans United сметаа дека треба да се испратат потписите собрани до први мај. Во секој случај, петицијата останува отворена.


Останува да видиме што ќе се случи. Искрено, јас не очекувам многу, но вредеше да се обидеме.


Види линк: Enterprise петиција
 
автор: Бојан Николов @ 5/07/2006 03:20:00 PM | 0 коментар(и)