Friday, May 26, 2006
Место на живеење

Бејџорите се хуманоидна раса која потекнува од планетата Бејџор, која се наоѓа во Алфа Квадрантот. Бејџорите претставуваат една од најстарите и најбогатите култури во квадрантот иако во поновата историја многу имаат загубено во војните со Кардасијанската Унија. Со нивното конечно ослободување од Кардасијанците и откривањето на Бејџорската црвја дупка, Бејџорите завземаат нова позиција како раса која е важен играч во интергалактички рамки.

Физиологија

Бејџорите по изглед се многу слични на луѓето, но се разликуваат по серија од четири до седум бразди (вдлабнатини) преку нивните носеви. За разлика од човековото срце, бејџорското срце лежи хоризонтално. Периодот на бременост кај бејџорските жени е пет месеци во кои се формира комплексна мрежа на крвни садови помеѓу мајката и фетусот. За време на овој период на бременост, бејџорските жени имаат чести напади на неконтролирано кивање.

Власт

По Кардасијанското повлекување од Бејџор, Бејџорската Провизиона Влада била поставена да управува со планетата и нејзините различни колонии. Бејџорската политика е балансирана помеѓу Комората на Министерства, раководена од Првиот Министер и религиозниото Ведек Собрание водено од лидер кој се нарекува “Каи”. Возможно и дозволено е Првиот Министер и Каи да се една иста личност.

Религија

Бејџорската религија е голема обединувачка сила на планетата, личноста која е Каи, спиритуалниот лидер носи со себе огромен морал и политички авторитет кој го советува и влијае на политичкиот лидер на планетата, т.е. Првиот Министер. Каи се избира од Ведек Совет, титула која им се дава на религиозните лидери. Други религиозни титули се Ранџен и Прилар. Бејџорската религија се базира на откритијата на “Пророците” кои се познати како безвременски суштества кои живеат во Бејџорската црвја дупка или како што бејџорите го нарекуваат “Земниот Храм”. Дел од бејџорската религија вклучува и употреба на “Солзите на Пророците”, дисторзиски енергетски кугли произведени од Пророците.

Општество

Бејџорското општество, култура и обичаи се тесно поврзани со нивната религија и религиозно убедување. Тие говорат на свој посебен јазик, наречен Бејџорски кој се состои од квадратни симболи кои пак се состојат од густи линии. Симболите имаат значење во сите осум насоки. Можат да се пишуваат и хоризонтално и вертикално. Секој симбол претставува една мисла или еден збор. Исто така кај нив најпрво се пишуваат презимињата, а потоа имињата.

Обичаи

Право на присуство на традиционалниот начин на раѓање на Бејџор има семејството на жената и бабица. Целта на ритуалот е постигнување на целосна релаксација преку комбинација на вежби, ритми и музика овозможувајки и на жената да се породи без болка. Кога се раѓа детето, тоа е пречекувано со зборовите – Разбуди се дете, те чекаме и ти посакуваме добредојде на светот.

Бејџорите обично ги закопуваат своите мртви во гробови обележани со декоративни арки. Погребните обичаи знаат да траат доста долго, земајки во предвид дека само посмртното пеење (оплакување) трае околу два часа.

Презерваџијата на телото не е битна за Бејџорите бидејки тие веруваат дека после смртта на личноста нејзината “pagh” (душа) им се придружува на Пророците во нивниот Земен Храм оставајки само празна лушпа. За да ја ожалат смртта на саканиот тие палат посебни “duranja” ламби.

ИСПРАТИЛ: Иван С.

Види линк: Пророците од Бејџор

 
автор: Бојан Николов @ 5/26/2006 01:34:00 PM |


0 Comments: