Monday, June 26, 2006
Сега приметив дека се десило фрка на тука на МакТрек. Односно, губење на дел од кодот. Долго време го немав едитирано, и денес приметувам дека на sidebar-от фалат линкови, банери, бројачот а фали и footer-от. Го отварам кодот, и гледам дека баш таму е прекинат.

Како се случило ова, немам врска. Само јас имам пристап да кодот, а го немам чепкано скоро месец дена. Вчера се на МакТрек си беше во ред, и денес приметив дека не е. Откако ги ставив тие клипчињата со куклите, тогаш приметив. Да, ама тие никако не би можеле да му наштетат на кодот.

Како и да е, ќе се потрудам деновиве да го средам ова. Може и да е грешка од Blogger. Друг некој освен мене, и нема пристап до кодот. Или има? :)
 
автор: Бојан Николов @ 6/26/2006 08:47:00 PM | 2 коментар(и)
Thursday, June 15, 2006
Место на живеење

Планетата Бетазед е од типот М се наоѓа во Алфа квадрантот. Дел е од жолт ѕвезден систем од шест планети. Има три мали месечини во својата орбита; на нивното заедничко појавување му се придава голема важност. Поголемиот дел од површината на Бетазед е покриен со вода, а се издвојуваат пет поголеми континенти и бројни острови. Климатските услови и вегетацијата се многу слични како оние на Земјата, па развивањето на хуманоидна врста на оваа планета и не е така изненадувачки факт.

Изглед и карактеристики

Освен црнообоените зеници, Бетазоидите физички не се разликуваат од луѓето. Сите Бетазоиди поседуваат телепатски и емпатски способости, кои се развиваат во периодот на адолесценција. Понекогаш овие способности се појавуваат уште во раното детство и можат да предизвикаат ментално растројство доколку навреме не се стекне контрола над нив.

Бетазоидите можат емпатски да се поврзат со повеќето врсти и со тоа да ги осетат нивните чувства. Поради специфичната структура на мозокот, расите Breen, Ferengi, Ullian и Dopterian неможат да бидат “прочитани”. Мозокот на Бетазоидите поседува паракортекс (телепатскиот дел кој е способен за брзо опоравување од повреди), а содржи и “метасвесност” т.е. траума филтер. Сличната анатомија со луѓето овозможува вкрстување помеѓу двете раси, но постои шанса телепатските способности да не се наследени, или да бидат помалку развиени од оние на вистински Бетазоид. Сепак, полубетазоидите имаат поголем успех во поврзувањето со Breen и Ferengi.

Споредени со човечката врста, Бетазоидите имаат поинаква фреквенција за REM фазата (TNG "Night Terrors"), и периодот на бременост им трае десет месеци. Женските Бетазоиди се сметаат за зрели кога ке ја достигнат возраста од 40 години (еквивалент на човечки години), кога навлегуваат во таканаречената Бетазоид “фаза” (TNG "Manhunt").

Возрасните Бетазоиди може да боледуваат од Zanthi fever, кое всушност е пореметување на проективниот аспект на емпатијата. Личностите кои се наоѓаат во близината на ваков Бетазоид се однесуваат како да ги искусиле истите емоции, иако се водени од своите потсвесни желби и стравови.

Култура и традиција

Уште од рана возраст Бетазоидите се воспитувани да ги развиваат и употребуваат своите моќи. Се разбира дека со нивната единствена способност доаѓаат и одредени одговорности; воглавно Бетазоидите се многу обзирни спрема мислите на другите, и “ѕиркањето” се смета за непристојно.

Иако никогаш немало официјална поделба на работата меѓу мажите и жените, сепак се смета дека општеството во минатото било матријархално. Општеството е водено од неколку куќи или фамилии кои ја наследуваат оваа функција. Може да се каже дека бетазоидското општество тежнее повеќе кон формалноста и традицијата, што не е својствено за друга хуманоидна врста на нивниот степен на развиток. Понекогаш овие нивни обичаи ги доведуваат конзервативните членови на федерацијата во непријатна ситуација, како на пример традиционалната венчавка. Сите присутни на ваквиот чин треба да бидат голи, симболизирајќи го физичкото и духовното поврзување, хармонијата и обединувањето без ништо да се крие (Star Trek: Nemesis).

Бетазоидите се мирољубива раса која претпочита да набљудува и филозофира отколку да дејствува. Традицијата им е на прво место, и не се најрасположени за промени. Застарената одбрамбена технологија е основната причина за претрпениот пораз од Доминион во 2374. Се вбројуваат помеѓу поважните членови на Федерацијата, и нивниот пад во Доминионската војна се сметал за сериозно нарушување на сигурноста на Федерацијата.

ИСПРАТИЛ: Ѕвезда
 
автор: Бојан Николов @ 6/15/2006 12:30:00 AM | 1 коментар(и)
Wednesday, June 07, 2006
Роден е во Риверсајд, Ајова на 22 Март, 2233. Детството го поминал во колонијата на планетата Тарзус 4. На 13 годишна возраст бил сведок на големиот масакр причинет од страна на Kodos the Executioner, и бил меѓу деветте преживеани колонисти.

Во 2250 се вратил на Земјата и започнал со тренинг во Starfleet Академијата. Уште во неговите рани денови во Академијата се истакнал со волјата за знаење и успех. Неговиот цврст карактер и неприфаќањето на пораз го направиле првиот кадет во историјата на Академијата кој успеал да победи во тестот со Kobayashi Maru сценарио; по првите два порази, Кирк тајно го репрограмирал симулаторот и успеал да го помине “безизлезниот” тест со највисока оцена. Поради овој потег бил награден за оригинално размислување.

По завршувањето на Академијата во 2254 бил унапреден во поручник на бродот U.S.S. Farragut под команда на капетан Garrovick. Во 2257 година 200 членови од екипажот го загубиле животот кога биле нападнати од dikironium cloud creature на планетата Tycho IV. Кирк се обвинувал себеси за многубројните жртви, но подоцна се утврдило дека ништо не би можело да ја спречи нивната смрт. Подоцна Кирк ќе биде изложен на Вегански кориоменингитис; и после опоравувањето микроорганизмите од оваа болест ќе останат во неговата крв.

Во 2264, на 34 годишна возраст станал најмладиот капетан во историјата на Starfleet. Кирк бил назначен за капетан на USS Enterprise (NCC-1701). Најважната петгодишна мисија на овој брод била успешна и со минимални загуби. По враќањето од мисијата во 2269, Кирк ќе биде унапреден во адмирал. Лојалноста на екипажот и успешноста во мисиите придонеле за многуте одлики на Кирк од страна на флотата, вклучувајќи ја наградата Palm Leaf of Axanar Peace Mission, како и многубројните награди за храброст, тактика и херојство. Во 2267 Кирк ќе биде обвинет за убиство на Benjamin Finney, но обвинувањата ќе бидат отфрлени по доказите приложени од Spock.

По околу 14 години следи уште една петгодишна мисија. 2284 е значајна по смртта Spock; по ова Кирк ќе го украде Enterprise со цел да го најде непријателот Khan Noonien Singh. Заради кражбата и саботажата на USS Excelsior NX-2000 во 2285, чинот повторно ќе му биде вратен на капетан. Во 2286 тој ќе успее да ја спаси Земјата од уништување, и ќе стане капетан на U.S.S. Enterprise (NCC-1701A).

Години подоцна, во 2290 капетан Кирк ќе ја има главната улога во спасувањето на историската Khitomer мировна конференција, како и на животот на претседателот. По оваа мисија ќе се пензионира. Три години подоцна, во 2293 ќе биде дел од екипажот на бродот U.S.S. Enterprise (NCC-1701B) и ќе му помогне на капетанот Harriman во спасувачката мисија на група El-Aurians кои биле заглавени во Nexus-от. Кирк ќе го спаси Enterprise, но самиот ќе остане заглавен во Nexus-от.

До мисијата на капетан Captain Jean-Luc Picard во 2371 за спасување на Veridian III се претпоставувало дека Кирк е мртов, но се открило дека останал жив и 78 години живеел опкружен со задоволствата кои ги нудел Nexus-от. Капетан Picard и неговиот брод Enterprise (NCC-1701D) биле вовлечени во Nexus-от, и со цел да се извлечат од него им била потребна помошта на Кирк. Оставајќи го идиличниот живот кој го нудел Nexus-от, во мисијата за спасување на Enterprise и Veridian III, Кирк бил смртно ранет. Бил погребан на планински врв на Veridian III.

За разлика од другите личности во Starfleet, 40 годишната кариера на капетанот Џејмс Кирк се смета за најдолга и најживописна. Заземајќи ја капетанската позиција на само 34 години тој бргу стекнал добра репутација со неговите храбри потези. Освен бројот на одликувања го држи рекордот и во прекршување на правилата. Јасно е зошто на многу фанови токму тој им е омилен капетан.

ИСПРАТИЛ: Ѕвезда

Види линк: Star Trek: The Original Series

Види линк: Star Trek: The Motion Picture

Види линк: Капетан Jean-Luc Picard

Види линк: Kaпетан Benjamin Sisko

Види линк: Вратете го капетанот Kirk

 
автор: Бојан Николов @ 6/07/2006 03:59:00 PM | 7 коментар(и)

Дали знаевте дека интернет пребарувачот Google, покрај големиот број јазици на кои е преведен, работи и на Клингонски? Нормално, за да го користите, потребно е познавање на јазикот. ;)

Брзо кликнете тука.
 
автор: Бојан Николов @ 6/07/2006 02:31:00 AM | 5 коментар(и)
Monday, June 05, 2006
 
автор: Бојан Николов @ 6/05/2006 08:33:00 PM | 2 коментар(и)
Thursday, June 01, 2006
Trek Fans United форумот со нова адреса

Од пред некој ден е сменета адресата. Значи, http://www.trekfansunited.com ќе ве префрли на http://www.trekunited.com/community . Сменет е линкот на блогов до македонскиот форум на Trek Fans United, бидејќи стариот со старата адреса правеше проблеми. Што се однесува до TFU, се останува исто, освен адресата.


Мак Трек

Приметивте дека во последно време имаме многу статии кои се пишувани од читатели. Планирам да се зголеми екипажот на луѓе кои редовно би пишувале статии за Мак Трек. Значи, се бараат луѓе кои имаат волја и време да пишуваат. Слободно испраќајте статии, па кога ќе дојде време, ќе избереме двајца.
 
автор: Бојан Николов @ 6/01/2006 07:16:00 PM | 1 коментар(и)