Thursday, June 15, 2006
Место на живеење

Планетата Бетазед е од типот М се наоѓа во Алфа квадрантот. Дел е од жолт ѕвезден систем од шест планети. Има три мали месечини во својата орбита; на нивното заедничко појавување му се придава голема важност. Поголемиот дел од површината на Бетазед е покриен со вода, а се издвојуваат пет поголеми континенти и бројни острови. Климатските услови и вегетацијата се многу слични како оние на Земјата, па развивањето на хуманоидна врста на оваа планета и не е така изненадувачки факт.

Изглед и карактеристики

Освен црнообоените зеници, Бетазоидите физички не се разликуваат од луѓето. Сите Бетазоиди поседуваат телепатски и емпатски способости, кои се развиваат во периодот на адолесценција. Понекогаш овие способности се појавуваат уште во раното детство и можат да предизвикаат ментално растројство доколку навреме не се стекне контрола над нив.

Бетазоидите можат емпатски да се поврзат со повеќето врсти и со тоа да ги осетат нивните чувства. Поради специфичната структура на мозокот, расите Breen, Ferengi, Ullian и Dopterian неможат да бидат “прочитани”. Мозокот на Бетазоидите поседува паракортекс (телепатскиот дел кој е способен за брзо опоравување од повреди), а содржи и “метасвесност” т.е. траума филтер. Сличната анатомија со луѓето овозможува вкрстување помеѓу двете раси, но постои шанса телепатските способности да не се наследени, или да бидат помалку развиени од оние на вистински Бетазоид. Сепак, полубетазоидите имаат поголем успех во поврзувањето со Breen и Ferengi.

Споредени со човечката врста, Бетазоидите имаат поинаква фреквенција за REM фазата (TNG "Night Terrors"), и периодот на бременост им трае десет месеци. Женските Бетазоиди се сметаат за зрели кога ке ја достигнат возраста од 40 години (еквивалент на човечки години), кога навлегуваат во таканаречената Бетазоид “фаза” (TNG "Manhunt").

Возрасните Бетазоиди може да боледуваат од Zanthi fever, кое всушност е пореметување на проективниот аспект на емпатијата. Личностите кои се наоѓаат во близината на ваков Бетазоид се однесуваат како да ги искусиле истите емоции, иако се водени од своите потсвесни желби и стравови.

Култура и традиција

Уште од рана возраст Бетазоидите се воспитувани да ги развиваат и употребуваат своите моќи. Се разбира дека со нивната единствена способност доаѓаат и одредени одговорности; воглавно Бетазоидите се многу обзирни спрема мислите на другите, и “ѕиркањето” се смета за непристојно.

Иако никогаш немало официјална поделба на работата меѓу мажите и жените, сепак се смета дека општеството во минатото било матријархално. Општеството е водено од неколку куќи или фамилии кои ја наследуваат оваа функција. Може да се каже дека бетазоидското општество тежнее повеќе кон формалноста и традицијата, што не е својствено за друга хуманоидна врста на нивниот степен на развиток. Понекогаш овие нивни обичаи ги доведуваат конзервативните членови на федерацијата во непријатна ситуација, како на пример традиционалната венчавка. Сите присутни на ваквиот чин треба да бидат голи, симболизирајќи го физичкото и духовното поврзување, хармонијата и обединувањето без ништо да се крие (Star Trek: Nemesis).

Бетазоидите се мирољубива раса која претпочита да набљудува и филозофира отколку да дејствува. Традицијата им е на прво место, и не се најрасположени за промени. Застарената одбрамбена технологија е основната причина за претрпениот пораз од Доминион во 2374. Се вбројуваат помеѓу поважните членови на Федерацијата, и нивниот пад во Доминионската војна се сметал за сериозно нарушување на сигурноста на Федерацијата.

ИСПРАТИЛ: Ѕвезда
 
автор: Бојан Николов @ 6/15/2006 12:30:00 AM |


1 Comments:


At 4:41 AM, April 25, 2007, Anonymous Anonymous

Keep up the good work »