Monday, July 24, 2006
На многу форуми имам видено како се дискутира оваа тема па си реков да напишам и јас една статија и да го дадам своето мислење во врска со овие најголеми Sci-Fi серијали: Star Trek & Star Wars, кои имаат огромен број на фанови низ целиот свет. Не можеме да дискутираме на тема кој серијал е поубав за гледање бидејќи секој си има свој вкус и секој на посебен начин ги согледува работите. Во следниов текст се споредени овие два серијали.

Star Wars е вселенска одисеја која се одвива некаде "galaxy far far away", каде што испреплетено живеат многу врсти на вонземјани веќе неколку илјади години. Ако гледаме борбените бродови или пак сите бродови што се појавуваат во Star Wars се посупериорни во однос на Star Trek, посупериорни штитови и оружја, а да не зборуваме за големината на истите.

Star Trek на другата страна знаеме дека се одвива во нашата галаксија поточно галаксијата Млечен Пат и тоа во 24тиот век (TNG, DS9, VOY). Се што е напреднато во технологија се случило во текот на 300-400 години и човештвото се наоѓа во алијанса наречена UFP. Бродовите во федерацијата имаат стандарден warp мотор кој што може да постигне максимална брзина од 5.000 светлосни години (тоа е 5.000 х една светлосна година представува брзина од 300.000 km/s) и може да ја задржи истата само кус временски период, што е далеку инфериорно со погонот што го имаат во Star Wars.

Ако ги погледаме борбените тактики на двата серијали ќе видиме голема разлика. Имено во Star Wars се користат носачи на ловци и главните битки ги водат ловците (се делат на категории, бомбардери, пресретнувачи и повеќенаменски ловци). Главното оружје во Star Wars се blasters(ласери) и за бомбардирање користат некои видови на торпеда. Крузерите им даваат позадинска подршка на ловците ама не учествуваат директно во борбите. И нешто што можеше да се забележи во Star Wars филмовите е дека малите ловци можат да поминуваат покрај крузерите и другите обранбени системи без да претрпат штета ако се со голема брзина пошто ласерите не можеа да ги погодат. Значи можиме да забележиме дека ласерите и не се толку прецизни кога се гаѓа мета во движење.

Star Trek има сосема поинаква борбена тактика, користат измама (на пр. cloaking), стратегија и секогаш гледаат да најдат слабост во противничката технологија која ќе им даде предност. Имаат далеку попрецизни оружја од Star Wars на пример фејзерите можат комотно да уништат ловци уште тие пред да бидат во шанса да пукаат на бродот, така да главните битки ќе бидат неизвесни. Ако гледаме борба брод на брод Star Trek не може ни да се доближи до огнената моќ што ја имаат бродовите од Star Wars.

The bottom line is: Не можeме да ги споредуваме овие толку различни научно-фантастични серијали но ако воопшто се соочат резултатот ќе биде следниот: иако бродовите од Star Trek се далеку поинфериорни од оние на Star Wars, битката ќе биде многу интересна и трекерите можат да пружат голем отпор ако со послаби бродови.

 
автор: Ј. Зинговски @ 7/24/2006 06:07:00 PM | 9 коментар(и)
Sunday, July 23, 2006
Вчера (22.07.2006) се појави првиот официјален постер за новиот долгометражен Star Trek филм, кој треба да се појави во 2008 година. Според тоа што го има на него, можеме да се осигураме дека дефинитвно ќе биде приквел филм, и тоа за младите години на Кирк.

Исто така на Internet Movie Date Base пишува дека Мет Дејмон ќе ја толкува улогата на младиот Кирк.

За повеќе информации околу постерот, и wallpaper верзии, кликнете тука.
 
автор: Бојан Николов @ 7/23/2006 04:58:00 PM | 5 коментар(и)
Friday, July 21, 2006
Освен создавањето на “подобрени” организми за медицински потреби, генетски инженеринг се користи и за создавање на модифицирани растенија, како и за синтетизирање на биогенички оружја. Употребата на генетски модификации врз интелигентните суштества започнува во Федерацијата, со корективниот ДНА ресеквенцер за генетските нарушувања. Се разбира, овие модификации можат да послужат и за подобрување на сетилата, силата и интелигенцијата на индивидуите.

Генетски инженеринг на Земјата
Напорите да се создадат “суперлуѓе” во 20 век не завршиле со посакуваните резултати. Генетски подобрените луѓе станале реалност, но не застанале само со новостекнатите моќи. Предводени од Khan Noonien Singh, група на генетски подобрени индивидуи се обиделе да ја земат контролата во свои раце, започнувајќи ги Еугенските Војни. После ова, генетскиот инженеринг на Земјата ќе биде забранет. Се разбира, научниците не биле задоволни со ова решение, тврдејќи дека погрешното карактеризирање на генетските подобрувања врз луѓето како лоши се должи на Еугенските војни, а вистинскиот проблем е неможноста на човештвото мудро да ги искористи овие предности. До 24 век, Обединетата Федерација на Планетите ќе ја ограничи употребата на генетските модификации единствено на случаите со смртна закана, спречувајќи ја појавата на инцидент како оној со Khan. Друга причина за оваа забрана е склоноста на родителите да го изменат генетскиот код на своите деца со цел да им ги зголемат шансите за успех во “нормалното” општество.

Генетски инженеринг на Сулибанците
Сулибанците се хуманоидна врста која е на исто рамниште во поглед на еволуирањето како и луѓето. Во 21 век постои групирање на одреден број Сулибанци во унија позната како Suliban Cabal, кои ќе бидат подложени на напреден генетски инженеринг од страна на мистериозен хуманоид од 29 век. Овие подобрувања, кои вклучуваат вид подобар и од сензорите на вселенските бродови биле сметани како напредок на Сулибанската раса. Целосната модификација на оваа врста е прикажана во епизодата “Broken Bow”(ENT).


Генетски инженеринг во Доминион
Најуспешниот производ на генетскиот инженеринг надвор од границите на Федерацијата е создаден од Основачите (the Founders) на Доминион. Создадени се две нови врсти кои им се потчинети на Доминион и служат за специфична цел.
Ворта е врста која генетското подобрување го добила како благодарност на еден Changeling, кој бил спасен од оваа тогаш примитивна раса. Одличниот слух, отпорноста на сите видови на отрови, а во одредени случаи и телекинезата ја прават оваа раса совршена за дипломатски односи и занимања како администратори, научници и агенти.
Џем’Хадар е воинствена раса која целосно им е потчинета на Ворта. Создадени се за борба и опстојување во најлоши услови; нивна единствена окупација е одбрана и следење на наредби зададени од Ворта.
И двата вида не се размножуваат на традиционалниот биолошки начин. Кај Ворта присутен е начинот на клонирање и задржувањето на сеќавањето на претходната индивидуа. Некои сетила и особини се изгубени во процесот да се постигне посакуваниот резултат.
 
автор: Clathrin @ 7/21/2006 01:39:00 AM | 2 коментар(и)
Tuesday, July 18, 2006
Грал е Теларитски амбасадор. За време на конфликтот помеѓу Андоријанците и Теларите, учествува во многу напади врз Андоријанците.

Во ноември 2154 година ја предводи Теларитската делегација на планетоидот Бабел. Делегацијата патува на бродот Enterprise NX-01, под команда на капетан Арчер. За време на патувањето Грал цело време се жали за престојот на бродот, како што можеме да видиме во епизодата "Babel One" (Star Trek: Enterprise).

Уште повеќе е незадоволен кога Enteprise NX-01, ќе спаси преживеани Андоријанци од нападот на бродот Kumari. Еден од преживеаните е и Андоријанецот Шран.

Но, сепак, и Шран, и Грал се дел од основачите на Обединетата Федерација на Планети. Грал е претставникот на Теларитите.

Види линк: Star Trek политика #2
 
автор: Бојан Николов @ 7/18/2006 05:53:00 PM | 2 коментар(и)
Thursday, July 06, 2006
Конечно на Мак Трек тимот се приклучи и првото женско суштество. :)
Ѕвезда Монева, по неколку испратени текстови, од денес ќе пишува за Мак Трек.

Кога сме веќе кај пишување, деновиве треба да почнам да го пишувам текстот за годишнината на Мак Трек, која е за помалку од месец.
 
автор: Бојан Николов @ 7/06/2006 02:19:00 AM | 5 коментар(и)
Tuesday, July 04, 2006
Синтехолот е хемиска варијанта на алколохот, пронајден од Ференгите. Има ист мирис и вкус како и алкохолот во пијалоците, само што не предизвикува пијанство, зависност и други останати реакции кои ги предизвикуваат вистинските алхоколни пијалоци. Поради тоа е погоден за користење во баровите на бродовите и вселенските станици. Значи, нема пијани гости и проблеми. :) Но, сепак, се наоѓа и по некое шише вистински алкохол.

Сигурно се сеќавате на епизодата “Relics” од The Next Generation кога Скоти ќе нарача скоч, и веднаш ќе го плукне укажувајќи му на барменот дека тоа не е вистински скоч.

Quark од Deep Space Nine, на неговата планета важи за крал на синтехолот.

Сепак, во една прилика Seven of Nine ќе се опијани од синтехол, бидејќи нејзините borg имплантанти не се дизајнирани на тој начин за да можат да го издржат влијанието на синтехолот. Што значи дека, на неа синтехолот и влијае на оној начин како алкохолот кај луѓето.

 
автор: Бојан Николов @ 7/04/2006 08:01:00 PM | 1 коментар(и)