Friday, July 21, 2006
Освен создавањето на “подобрени” организми за медицински потреби, генетски инженеринг се користи и за создавање на модифицирани растенија, како и за синтетизирање на биогенички оружја. Употребата на генетски модификации врз интелигентните суштества започнува во Федерацијата, со корективниот ДНА ресеквенцер за генетските нарушувања. Се разбира, овие модификации можат да послужат и за подобрување на сетилата, силата и интелигенцијата на индивидуите.

Генетски инженеринг на Земјата
Напорите да се создадат “суперлуѓе” во 20 век не завршиле со посакуваните резултати. Генетски подобрените луѓе станале реалност, но не застанале само со новостекнатите моќи. Предводени од Khan Noonien Singh, група на генетски подобрени индивидуи се обиделе да ја земат контролата во свои раце, започнувајќи ги Еугенските Војни. После ова, генетскиот инженеринг на Земјата ќе биде забранет. Се разбира, научниците не биле задоволни со ова решение, тврдејќи дека погрешното карактеризирање на генетските подобрувања врз луѓето како лоши се должи на Еугенските војни, а вистинскиот проблем е неможноста на човештвото мудро да ги искористи овие предности. До 24 век, Обединетата Федерација на Планетите ќе ја ограничи употребата на генетските модификации единствено на случаите со смртна закана, спречувајќи ја појавата на инцидент како оној со Khan. Друга причина за оваа забрана е склоноста на родителите да го изменат генетскиот код на своите деца со цел да им ги зголемат шансите за успех во “нормалното” општество.

Генетски инженеринг на Сулибанците
Сулибанците се хуманоидна врста која е на исто рамниште во поглед на еволуирањето како и луѓето. Во 21 век постои групирање на одреден број Сулибанци во унија позната како Suliban Cabal, кои ќе бидат подложени на напреден генетски инженеринг од страна на мистериозен хуманоид од 29 век. Овие подобрувања, кои вклучуваат вид подобар и од сензорите на вселенските бродови биле сметани како напредок на Сулибанската раса. Целосната модификација на оваа врста е прикажана во епизодата “Broken Bow”(ENT).


Генетски инженеринг во Доминион
Најуспешниот производ на генетскиот инженеринг надвор од границите на Федерацијата е создаден од Основачите (the Founders) на Доминион. Создадени се две нови врсти кои им се потчинети на Доминион и служат за специфична цел.
Ворта е врста која генетското подобрување го добила како благодарност на еден Changeling, кој бил спасен од оваа тогаш примитивна раса. Одличниот слух, отпорноста на сите видови на отрови, а во одредени случаи и телекинезата ја прават оваа раса совршена за дипломатски односи и занимања како администратори, научници и агенти.
Џем’Хадар е воинствена раса која целосно им е потчинета на Ворта. Создадени се за борба и опстојување во најлоши услови; нивна единствена окупација е одбрана и следење на наредби зададени од Ворта.
И двата вида не се размножуваат на традиционалниот биолошки начин. Кај Ворта присутен е начинот на клонирање и задржувањето на сеќавањето на претходната индивидуа. Некои сетила и особини се изгубени во процесот да се постигне посакуваниот резултат.
 
автор: Clathrin @ 7/21/2006 01:39:00 AM |


2 Comments:


At 11:30 PM, March 06, 2007, Anonymous Anonymous

What a great site » »

 

At 12:55 AM, March 18, 2007, Anonymous Anonymous

Enjoyed a lot! »