Monday, July 24, 2006
На многу форуми имам видено како се дискутира оваа тема па си реков да напишам и јас една статија и да го дадам своето мислење во врска со овие најголеми Sci-Fi серијали: Star Trek & Star Wars, кои имаат огромен број на фанови низ целиот свет. Не можеме да дискутираме на тема кој серијал е поубав за гледање бидејќи секој си има свој вкус и секој на посебен начин ги согледува работите. Во следниов текст се споредени овие два серијали.

Star Wars е вселенска одисеја која се одвива некаде "galaxy far far away", каде што испреплетено живеат многу врсти на вонземјани веќе неколку илјади години. Ако гледаме борбените бродови или пак сите бродови што се појавуваат во Star Wars се посупериорни во однос на Star Trek, посупериорни штитови и оружја, а да не зборуваме за големината на истите.

Star Trek на другата страна знаеме дека се одвива во нашата галаксија поточно галаксијата Млечен Пат и тоа во 24тиот век (TNG, DS9, VOY). Се што е напреднато во технологија се случило во текот на 300-400 години и човештвото се наоѓа во алијанса наречена UFP. Бродовите во федерацијата имаат стандарден warp мотор кој што може да постигне максимална брзина од 5.000 светлосни години (тоа е 5.000 х една светлосна година представува брзина од 300.000 km/s) и може да ја задржи истата само кус временски период, што е далеку инфериорно со погонот што го имаат во Star Wars.

Ако ги погледаме борбените тактики на двата серијали ќе видиме голема разлика. Имено во Star Wars се користат носачи на ловци и главните битки ги водат ловците (се делат на категории, бомбардери, пресретнувачи и повеќенаменски ловци). Главното оружје во Star Wars се blasters(ласери) и за бомбардирање користат некои видови на торпеда. Крузерите им даваат позадинска подршка на ловците ама не учествуваат директно во борбите. И нешто што можеше да се забележи во Star Wars филмовите е дека малите ловци можат да поминуваат покрај крузерите и другите обранбени системи без да претрпат штета ако се со голема брзина пошто ласерите не можеа да ги погодат. Значи можиме да забележиме дека ласерите и не се толку прецизни кога се гаѓа мета во движење.

Star Trek има сосема поинаква борбена тактика, користат измама (на пр. cloaking), стратегија и секогаш гледаат да најдат слабост во противничката технологија која ќе им даде предност. Имаат далеку попрецизни оружја од Star Wars на пример фејзерите можат комотно да уништат ловци уште тие пред да бидат во шанса да пукаат на бродот, така да главните битки ќе бидат неизвесни. Ако гледаме борба брод на брод Star Trek не може ни да се доближи до огнената моќ што ја имаат бродовите од Star Wars.

The bottom line is: Не можeме да ги споредуваме овие толку различни научно-фантастични серијали но ако воопшто се соочат резултатот ќе биде следниот: иако бродовите од Star Trek се далеку поинфериорни од оние на Star Wars, битката ќе биде многу интересна и трекерите можат да пружат голем отпор ако со послаби бродови.

 
автор: Ј. Зинговски @ 7/24/2006 06:07:00 PM |


9 Comments:


At 2:58 AM, July 26, 2006, Anonymous Anonymous

Само мала забелешка, светлосна година е патот кој светлината би го поминала за 1 година, а не мерка за брзина... а иначе стварно ме интересира која е разликата помеѓу патувањето со обичен warp и со transwarp engine... знам за принципот на warp engin-от, детално го објаснивте, но сеуште границата меѓу погоните и нивните принципи ми е доста нејасна...
Се извинувам ако прашањево е малку надвор од темава...

 

At 2:03 PM, July 26, 2006, Blogger Ј. Зинговски

Брзината на светлината е 300.000 km/s па кога реков 5.000 светлосни години брзина мислев максималната брзина им е 5.000 х 300.000 km/s. Во подготовки е и статија за разликите помеѓу: warp, transwarp(ја поседуваат Borg и други напреднати раси) и quantum sleapstream (видена во серијата Voyager, способна за постигнување брзини поголеми од оние на transwarp)

 

At 9:41 PM, July 26, 2006, Anonymous Anonymous

Ке биде интересно да се прочитаат сите тие статии... Посебно во Војаџер имаше многу видови на погони, од обичниот warp + transwarp кои ги знаевме и порано, се појавија и slipstream и foldspace engines... али сепак, според теоријата на transwarp - от, ако се достигне таа брзина - warp 10.0, тогаш ќе може да се стигне на било кое место во секунда, бидејки секоја точка на вселенскиот брод ке биде еднаква со било која точка во универзумот... А сепак, Боргите ја користат нивната transwarp - технологија за да патуваат низ transwarp conduits - со помош на обични warp погони. Затоа и се објасуваат нивните маневри и движења, кога почесто користат warp, како во првиот напад на Федерацијата - кај Worf... Соодветно, slipstream се базира на дефлекторите, користејќи го штитот како машина за отварање на warp - полето, со обични warp - енџини...

 

At 1:11 AM, July 27, 2006, Blogger З. Андоновски

Екш'ли, терминот transwarp најчесто се користи за да ја опише било која FTL технологија која ги надминува можностите на обичната warp технологија.

 

At 6:22 PM, July 30, 2006, Anonymous anonimna

Ehehe,megu "Star trek" i "Star wars" ima golema razlika.Odsekogas poveke sum gi sakala "Star trek" zosto nekako mi bile porealni i sum izrasnala so niv,ama "Star wars" mi se zabavni i mnogu interesni poradi prikaznata za Luke Skywalker i Darth Vader.Kako i da e,se sto e SF...:))) sakam da gledam.

 

At 12:38 PM, August 11, 2006, Anonymous Anonymous

au majstore ova na gamefaqs na vremeto bese topci Star Wars vs Star Trek, imase okoli 2000 posta i na kraj se ispispcua megu sebe otkako se zakaraa dali federacijata bi klonirala trupi ili ne... Ova e ona klasicno Star Wars fan vs Star Trek fan, i dvata serijali se super i dvata univerzumi se dobro smisleni, st doduse e malce porealisticen...

 

At 3:25 PM, August 16, 2006, Anonymous Мики

Разликата е огромна само по технологијата. Зад технологијата на Star Trek има научна основа и до некаде е потркрепена со факти. Додека во Star Wars не гледам ништо реално се е некако премногу научно фантастички можеби дека се посупериорни или се многу подалеку во иднината ама се е многу хаотично.
За ворп 10 според Star Trek сагата неможе да се достигне затоа што во тој случај телото кое би било каде во секоја точка од време-просторт. Нели еднаш тоа го сторија во Војаџер во епизодата "Threshold" и се докажа дека таа брзина е недостижна.

 

At 3:27 PM, August 17, 2006, Anonymous Anonymous

lepi, pa ti baras logika u star trek??
nemoj da se salis, ok se serijalite za pustanje mozok na pasenje, ama the hitchhikers guide to the galaxy ima pojse logika nego star trek...

 

At 3:58 AM, August 19, 2006, Blogger З. Андоновски

Екш'ли, во епизодата од Voyager што мики ја спомнува се докажува дека брзината е возможна.

Сепак, има многу, многу тапа псеудонаучни моменти во таа епизода кои се речиси невозможни за проголтување (теоретска невозможност која се надминува со наоѓање на егзотична материја, знаењето на еволутивниот тек на човекот без да се земе во предвид факторот на надворешните влијанија итн.), дури до толку што и самите автори на епизодата ја игнорираат и се однесуваат како никогаш да не постоела.