Thursday, August 17, 2006
На нашиве простори е малку познат факт дека авторите на Star Trek погрешно ги пресметуваат и претставуваат меѓуѕвездените далечини. Enterprise е серијата во која најчесто се превидувањата на соодносот на брзината на ѕвездениот брод и оддалеченоста до некоја ѕвезда.

Уште од првата епизода на Enterprise дознаваме дека максималната брзина на бродот е warp 5. Иако никогаш не било официјално потврдено, се претпоставува (врз основа на одредени изјави на Jonathan Archer околу почетокот на таа епизода) дека за таа серија во употреба е Кокрановата warp скала од времето на TOS, што би значело дека кубот од warp факторот помножен со брзината на светлината ја дава моменталната брзина на бродот (warp 1 означува брзина на светлината, warp 2 означува осум пати побрзо од брзината на светлината итн.). Сепак, Enterprise успеа да стигне од Земјата до Qo'noS за четири дена со warp 4,5, што би значело дека клингонската матична планета е одлечена од нас за некои 1,4 светлосни години. Но, и во денешно време се знае дека на 1,4 светлосни години од Земјата и нема баш многу - најблиската ѕвезда е Проксима Кентаури која е оддалечена околу 4,2 светлосни години.

Warp 5 можеби на нас ни изгледа како огромна брзина (125 пати побрза од брзината на светлината), но за поминување на меѓуѕвездени растојанија и не е којзнае колкава. Затоа, веројатноста Enterprise NX-01 да сретнува толку нови интересни видови и планети секоја недела (освен ако нема некое непишано космичко правило во секој ѕвезден систем да има нешто навистина, навистина возбудливо) е минимална.

Ваквите грешки постојат и во TOS, а во понатамошните серии ги нема толку поради не толку добро определената нова warp скала, за која се верува дека Оkuda нацртал крива и ги добил соодносот на брзината и warp факторот бирајќи произволни точки од кривата. Постојат повеќе формули кои се обидуваат да ја објаснат оваа скала.

Сепак, грешките постојат од причина што авторите сакаат сериите и филмовите да бидат поинтересни. Никој не би сакал да гледа неколку едночасовни епизоди по ред во кои бродот не прави ништо особено туку само патува од едно место до друго.
 
автор: З. Андоновски @ 8/17/2006 03:35:00 AM |


6 Comments:


At 1:28 AM, August 26, 2006, Anonymous maelstrom

Во една епизода од TOS, кога Kirk, McCoy и Sulu останаа на една планета, а Enterprise беше исфрлен 970 светлосни години далеку од нив, под команда на Спок ја поминаа таа далечина за еден ден или слично, со warp 8 или 9 :)

 

At 10:36 PM, August 26, 2006, Anonymous Zlatko

Sigurno imalo nekoja finta :)

 

At 9:03 PM, August 27, 2006, Anonymous Anonymous

Абе жити финтите... По математика една голема нула и ништо друго... Баш скоро на А1 го гледав првиот Star Trek филм со Vger и со недоумица гледав се почудни и почудни ствари... Пр.1: Според нивната наука, кога патуваш низ Сончевиот Систем не смееш да користиш warp за да не предизвикаш просторна аномалија, во овој случај се појавува wormhole која пак исчезнува во истиот момент штом излеваат od warp... Објаснете ми тогаш како Зефрам успеа да стигне warp на само неколку илјади км од Земјата??? Од друга страна во истиот дел со импулсна брзина (очигледно помала од warp) го минуваат Сончевиот систем за 10-20 сек, додека светлината и треба неколку часови за да стигне од Земјата до Јупитер на пример...

 

At 1:28 AM, August 28, 2006, Anonymous Zlatko

Vo pravo si, no sto se odnesuva za brodot na Zefram toj dali ima brzina od 1 worp a plus toa toj ne ni znael deka moze da predizvika prostorna anomalija zatoa postignuca worp vo sonceviot sistem. Do sega ne sum videl deka nekoj brod so impulsna brzina go napusta sistemot za 20 sekundi a na svetlinata za da stigne od zemjata do Jupiter mislam deka i trba okolu 90 min.
Sepak ova e samo film napraven od gresnici. pozdrav

 

At 12:37 AM, August 30, 2006, Anonymous Anonymous

Извини, не бев јасен... Зборував за почетниот дел на филмот, во кој Кирк ја враќа контролата врз Ентерпрајс, притоа пробувајќи да го стопира незапирливиот облак на енергија кој е насочен кон Земјата... Тргнуваат во warp за да добијат на време и оп - wormhole... И штом го исклучуваат погонот, ја снемува, за потоа со импулсна брзина да го прелетаат Сончевиот Систем за 20 секунди, по што лесно стартуваат warp... Друг интересен факт е Временскиот Warp во 4 дел на Startrek... таму пак достигнуваат warp 10 кога свртуваат околу сонцето... итн...

 

At 7:27 PM, March 14, 2007, Anonymous Anonymous

That's a great story. Waiting for more. »