Sunday, September 17, 2006
Star Trek: The Animated Series, или скратено TAS, e анимирана серија oд 22 епизоди што се емитува на NBC во 1973-74 година и на некој начин ја пополнува дупката помеѓу TNG и TOS. Најбитно од се е што на ова серија работи скоро целата екипа од TAS на чело со Gene Roddenberry, односно фали само Pavel Chekov (Walter Koenig), кој е заменет со два нови лика, Lieutenant Arex (Edoan) и Lt. M'Ress (Caitian). Гласовите на последниве ги даваат James Doohan и Majel Barrett (Montgomery Scott и Christine Chapel) кои исто така го даваат гласот и на повеќето останати ликови (ова се должи пред се поради малиот буџет со кој располагале).

Koening не е заборавен од екипата, па на него му припаѓа честа да напише една од епизодите со што станува првиот актер од Star Trek на кој му се укажала таква можност.

Актерите, како што е тоа обично кај анимираните серии, не снимале заедно, туку најчесто праќале касети со снимките во студиото каде што потоа биле уклопувание. На серијава работат и голем број на сценаристите кои работеле на TAS, па дури и за некои епизоди се смета дека биле нaпишани и наменети токму за 4 и 5 сезона кои за жал никогаш не се снимени. Иако како анимирана серија Star Trek: TAS не е ограничен од специјалните ефекти, сепак скратувањата на буџетот си го направиле своето, па така можат да се забележат неколку грешки, како на пример ликовите да не се на исто место во две последователни сцени, наеднаш се менува бојата на униформата и сл.

Оргинално не требало ни да се јават толку од оргиналните актери, односно Sulu i Uhura биле "заборавени", на што се спротиставил Rodenbery, запазувајќи мултиетничкиот состав на екипажот. NBC отпрвин сакале да ги откупат авторските права на Gene Rodenbery, и да направат цртана серија за деца каде ќе се јават истите ликови, но само како деца.

Се претпоставува дека дејствието во овие серии го опфаќа времето после TAS, oдносно дека се одвива некаде пред крај на 5 годишната мисија на NCC-1701, но тоа никаде не е наведено. Имено, ако се забележат датумите, се гледа дека тие видно отстапуват, односно некои се пред времето на TAS а некои се хронолошки дури и после Star Trek: The Motion Picture, што придонесува кон големи забуни и по мое мислење е главен виновник за неканонскиот статус на серијава (покрај правните несогласувања). Наводно и самиот Rodenbery извесно време пред својата смрт побрал овие епизоди да не се сметаат како канонски.

Како новина овде се јавува life support belt, своевиден личен forcefield што штити од надворешните влијаниа. Овој life support belt се јавува само во TAS, a тоа пред се се должи на тоа што на аниматорите им било полесно да додадат жолтеникави рецки околу ликовите отколку да ги цртаат во заштитни скафандери.

За овие серии постои и книга во 10 тома, Star Trek Logs, од Alan Dean Foster.

Како поинтересни епизоди би ги издвоил: "Yesteryear", "More Tribbles, More Troubles","The Slaver Weapon","The Magicks of Megas-tu" и тн.

Интересни податоци за серијава е дека тука на пример прват се среќава средното име на Kirk, Tiberius, тука е и првиот holodeck, како и низа на ликови што се јвуваат во подоцнежни проекти и тн.


ИСПРАТИЛ: Андреј Јанков
 
автор: Бојан Николов @ 9/17/2006 11:59:00 PM | 1 коментар(и)
Sunday, September 10, 2006

Во "Fifth Element" (Г.Т.Ц. Скопје), на забавата по повод 40 годишнината од Star Trek.
Од лево кон десно: Lieutenant Z.Andonovski, Captain B.Nickolov, Lieutenant Dr.Philemon.



Повеќе слики ОВДЕ.
 
автор: Dr. Philem0n @ 9/10/2006 10:00:00 AM | 9 коментар(и)
Friday, September 08, 2006
Ја дочекавме и годишнината. 40 години Стар Трек. Серија која на многумина им го измени животот. Серија која засекогаш ќе остане запишана во историјата на телевизијата. Серија која успеа да обедини многу луѓе од целиот свет... Едноставно речено, серија која го измени светот.
Ќе ве однесам и низ историјата на МакТрек. Се враќаме пред една година, на текстот за Џин Роденбери, таткото на феноменот наречен Стар Трек. Кликнете тука.

И мало потсетување за утре. Бидете во "Fifth Element" (Г.Т.Ц.), во 19:00 часот, заедно да прославиме. Понесете си ги и starfleet униформите. :)



Види линк: Статијата на официјалниот Star Trek сајт за 40 годишнината
 
автор: Бојан Николов @ 9/08/2006 06:53:00 PM | 0 коментар(и)
Wednesday, September 06, 2006
Долго време се зборува за целосен римејк на првата Star Trek серија. Вакво нешто е многу далеку од остварување, но новите дистрибуции на оваа серија ќе бидат со подобрени компјутерски ефекти и музика, нешто слично на специјалното издание на Star Wars од пред неколку години. Најголемата промена се очекува да биде во сцените од вселената во кои се гледа Enterprise NCC-1701. Сеуште не се знае дали сите епизоди од TOS ќе бидат преправени.

Услуга за фановите и новите генерации или обид да се измолзат пари? Коментирајте на TFU форумот.
 
автор: З. Андоновски @ 9/06/2006 12:42:00 AM | 4 коментар(и)
Saturday, September 02, 2006

После една година постоење, Мак Трек официјално станува и регистрирано здружение. Значи дека, удрени се темелите на официјалниот фан-клуб.

Се ближи и 40 годишнината на најдобрата серија на сите времиња, Стар Трек. По тој повод Мак Трек ќе организира забава во кафе-барот "Петиот Елемент" во Градскиот Трговски Центар во Скопје. Бидете таму на 09.09.2006 во 20:00 часот.

Деновиве ќе биде пуштен и официјалниот сајт на Мак Трек организацијата.

Благодарност до сите кои беа дел од Мак Трек изминатава година. Се надевам дека дружбата ќе продолжи и низ годините кои следат. Благодарност до сите што го читаа, читаат и ќе го читаат блогот, и до оние кои беа и сеуште се дел од него. Благодарност и да нашите пријатели од Trek FansUnited.
Благодарам што помогнавте Мак Трек да израсне во нешто олку големо.
 
автор: Бојан Николов @ 9/02/2006 06:43:00 PM | 1 коментар(и)