Saturday, September 02, 2006

После една година постоење, Мак Трек официјално станува и регистрирано здружение. Значи дека, удрени се темелите на официјалниот фан-клуб.

Се ближи и 40 годишнината на најдобрата серија на сите времиња, Стар Трек. По тој повод Мак Трек ќе организира забава во кафе-барот "Петиот Елемент" во Градскиот Трговски Центар во Скопје. Бидете таму на 09.09.2006 во 20:00 часот.

Деновиве ќе биде пуштен и официјалниот сајт на Мак Трек организацијата.

Благодарност до сите кои беа дел од Мак Трек изминатава година. Се надевам дека дружбата ќе продолжи и низ годините кои следат. Благодарност до сите што го читаа, читаат и ќе го читаат блогот, и до оние кои беа и сеуште се дел од него. Благодарност и да нашите пријатели од Trek FansUnited.
Благодарам што помогнавте Мак Трек да израсне во нешто олку големо.
 
автор: Бојан Николов @ 9/02/2006 06:43:00 PM |


1 Comments:


At 9:52 PM, September 05, 2006, Blogger Shepard

ај да ви се множат.

па догодина на полетување да ви доеме, со онакви моми у народна носија, едната со пресна погача, другата со стомна вино :)