Sunday, September 17, 2006
Star Trek: The Animated Series, или скратено TAS, e анимирана серија oд 22 епизоди што се емитува на NBC во 1973-74 година и на некој начин ја пополнува дупката помеѓу TNG и TOS. Најбитно од се е што на ова серија работи скоро целата екипа од TAS на чело со Gene Roddenberry, односно фали само Pavel Chekov (Walter Koenig), кој е заменет со два нови лика, Lieutenant Arex (Edoan) и Lt. M'Ress (Caitian). Гласовите на последниве ги даваат James Doohan и Majel Barrett (Montgomery Scott и Christine Chapel) кои исто така го даваат гласот и на повеќето останати ликови (ова се должи пред се поради малиот буџет со кој располагале).

Koening не е заборавен од екипата, па на него му припаѓа честа да напише една од епизодите со што станува првиот актер од Star Trek на кој му се укажала таква можност.

Актерите, како што е тоа обично кај анимираните серии, не снимале заедно, туку најчесто праќале касети со снимките во студиото каде што потоа биле уклопувание. На серијава работат и голем број на сценаристите кои работеле на TAS, па дури и за некои епизоди се смета дека биле нaпишани и наменети токму за 4 и 5 сезона кои за жал никогаш не се снимени. Иако како анимирана серија Star Trek: TAS не е ограничен од специјалните ефекти, сепак скратувањата на буџетот си го направиле своето, па така можат да се забележат неколку грешки, како на пример ликовите да не се на исто место во две последователни сцени, наеднаш се менува бојата на униформата и сл.

Оргинално не требало ни да се јават толку од оргиналните актери, односно Sulu i Uhura биле "заборавени", на што се спротиставил Rodenbery, запазувајќи мултиетничкиот состав на екипажот. NBC отпрвин сакале да ги откупат авторските права на Gene Rodenbery, и да направат цртана серија за деца каде ќе се јават истите ликови, но само како деца.

Се претпоставува дека дејствието во овие серии го опфаќа времето после TAS, oдносно дека се одвива некаде пред крај на 5 годишната мисија на NCC-1701, но тоа никаде не е наведено. Имено, ако се забележат датумите, се гледа дека тие видно отстапуват, односно некои се пред времето на TAS а некои се хронолошки дури и после Star Trek: The Motion Picture, што придонесува кон големи забуни и по мое мислење е главен виновник за неканонскиот статус на серијава (покрај правните несогласувања). Наводно и самиот Rodenbery извесно време пред својата смрт побрал овие епизоди да не се сметаат како канонски.

Како новина овде се јавува life support belt, своевиден личен forcefield што штити од надворешните влијаниа. Овој life support belt се јавува само во TAS, a тоа пред се се должи на тоа што на аниматорите им било полесно да додадат жолтеникави рецки околу ликовите отколку да ги цртаат во заштитни скафандери.

За овие серии постои и книга во 10 тома, Star Trek Logs, од Alan Dean Foster.

Како поинтересни епизоди би ги издвоил: "Yesteryear", "More Tribbles, More Troubles","The Slaver Weapon","The Magicks of Megas-tu" и тн.

Интересни податоци за серијава е дека тука на пример прват се среќава средното име на Kirk, Tiberius, тука е и првиот holodeck, како и низа на ликови што се јвуваат во подоцнежни проекти и тн.


ИСПРАТИЛ: Андреј Јанков
 
автор: Бојан Николов @ 9/17/2006 11:59:00 PM |


1 Comments:


At 1:30 PM, September 20, 2006, Anonymous ARCHITECT

Epa Andrej ,ocekuvam TAS od tebe da dobijam u skoro vreme :)