Sunday, October 01, 2006
Актерите од изминатите серијали на Стар Трек, по повод 40 годишнината од серијата, се собраа да дадат "скромен" подарок на фановите. Се работи за мини-серија од три епизоди, кои треба да излезат до крајот на годинава.

Режисер на оваа мини-серија е Tim Russ, попознат како Tuvok од Star Trek: Voyager.

Дел од актерите кои ќе може да ги видиме во Star Trek: Of Gods And Men се Nichelle Nichols (Uhura), Walter Koenig (Chekov), Grace Lee Whitney (Rand) и уште многу од останатите серијали. Најинтересно е тоа што Alan Ruck се враќа во улога на капетанот Harriman, капетан на Enterprise-B. Сигурно го паметите од филмот Star Trek: Generations.

Околу Star Trek: OGAM, помага и дел од екипата на фан-серијалот Star Trek: New Voyages.

Ако вестите се точни, првата епизода ќе ја видиме кон крајот на декември 2006.
Трејлерот е веќе излезен, и препорачувам да го симнете и да го гледате. Клик тука за трејлерот.

МакТрек ќе ве информира за сите новости околу новата мини-серија.


Види линк: Star Trek: Of Gods And Men (официјален сајт)
 
автор: Бојан Николов @ 10/01/2006 01:23:00 PM |


0 Comments: