Saturday, November 25, 2006

Излезе и новиот трејлер за Star Trek: Of Gods And Men. Кликнете тука за трејлерот.
 
автор: Бојан Николов @ 11/25/2006 03:56:00 PM | 2 коментар(и)
Sunday, November 12, 2006
"Tuvix" е според мене, една од најинтересните епизоди од Voyager. Tuvok и Neelix се испратени на една планета да соберат растенија за проучување. Но, при транспортирање се случува несреќа и двајцата се спојуваат во битие, кое самото ќе се нарече Tuvix. Во оваа статија, ќе зборувам токму за него и актерот кој го толкуваше. Не би навлегувал во деталите за приказната во епизодата, ќе оставам сами да си видите.

Tuvix е спојот помеѓу Tuvok и Neelix. Значи, генетски е мешавина помеѓу Вулканец и Талаксијанец. Ги има сеќавањата и знаењето и на Tuvok и на Neelix, но сепак, една свест. Како што и сам ќе каже, не е 'поделена личност'. :)

Tuvix го толкува актерот Tom Wright (сме го гледале во МНОГУ серии како гостин). Wright прекрасно го има доловено ликот на Tuvok и ликот на Neelix, речиси исто како и оргиналните актери. Му ја даде на Tuvix ладнокрвноста на Tuvok и иритирачката страна на Neelix. Тоа највеќе ме импресионира. Интересен беше и односот на Tuvix со Kes, девојката на Neelix, во различни моменти, бидејќи во исто време дел од него имаше чувства за неа, а друг дел (погодете чиј!) ги потиснуваше. Самиот внатрешен конфликт помеѓу два сосема различни карактери беше одлично доловен.

На вас останува, ако не сте ја гледале епизодата, да ја гледате под итно. :)
 
автор: Бојан Николов @ 11/12/2006 05:43:00 PM | 4 коментар(и)
Thursday, November 09, 2006
Ако блогов беше во мала пауза, не значи дека не се случуваше ништо интересно поврзано со Star Trek. Што се случуваше изминатиов месец:

• Абрамс се загрева за претстојниот проект, Star Trek XI. Во последното негово гостување на MTV изјави дека сценариото е готово, но не е сигурен дали самиот тој ќе го режира филмот. Освен коментарот дека “ приказната е неверојатно добра”, не беа откриени никакви дополнителни информации. Ништо да ги поткрепи гласините за можното учество на познатиот актер/dianetic/trekkie Том Круз.

• Тридневната аукција на Christie’s по повод 40 години Star Trek заврши со 100% распродажба. 1000 костуми, модели на бродови, автентични маски и други колекционерски предмети “изчезна” во краток рок, оставајќи зад себе дебела трага од 7,107,040 долари. Најголемата цена била понудена за моделот Starship Enterprise-D (200x150x 35) - 576,000 долари (очекуваната сума била околу 25-30 000 долари), поставувајќи нов аукциски рекорд.

• По бројните гостувања во најразлични емисии, Шетнер конечно ќе води свое шоу. Насловено како “Show Me the Money”, шоуто стартува на 22 Ноември на телевизијата ABC. И самите претпоставувате концептот на емисијава нема никаква врска со Стар Трек.
Човеков е насекаде.

• Од друга страна, Леонард Нимој (Spock) се занимава со добротворни акции; неговата фондација помогна за повторното отварање на “The Griffith Observatory” во Лос Анџелес. Оваа обсерваторија беше искористена за потребите на епизодата “Future’s end”- Voyager. Донацијата на Нимој придонесе за проширување на обсерваторијата која сега има планетариум, јавни телескопи и научен музеј.

• Овој месец е роденденот на Armin Shimerman, актерот кој го играше Quark, еден од најинтересните ликови во DS9 и TNG. Освен него, родендени имаат и: Guinan (Whoopi Goldberg), Chakotay (Robert Beltran), Dr. Julian Bashir (Alexander Sidding), Jadzia Dax (Terry Farrell) и Rom (Max Grod?nchik). И да не го изоставиме и Tom Paris (Robert D. McNeill)
 
автор: Clathrin @ 11/09/2006 08:36:00 PM | 5 коментар(и)
Sunday, November 05, 2006
Се враќаме по мала пауза. Изминатиов месец, се надевам, дека доволно не одмори, и ќе ни даде сила за понатамошната работа. Иако доаѓа колоквиумска недела, се надевам дека ќе најдеме време за редовен апдејт на блогов. :)

Наредниов период, ќе бидете информирани околу проектите на МакТрек фан-клубот, зачленувањето во истиот, и слични работи. Нормално, нема да го заборавиме она што го правиме изминатава година, а тоа е - инфомирање, вести и статии за нашата омилена серија.

Додека си триеме рацете и се спремаме за работа, ви предлагам да го посетите официјалниот сајт на организацијата, да прочитате што е ново, и нормално да видите како се забавуваме на собирите, http://www.maktrek.org.mk
 
автор: Бојан Николов @ 11/05/2006 06:52:00 PM | 0 коментар(и)