Wednesday, January 31, 2007

• Патрик Стјуарт (Капетан Пикард) кој работи како советник на Универзитетот Huddersfield во Јоркшир, ќе биде гостински професор на современиот театар во Универзитетот Оксфорд. За оваа извонредна покана Стјуарт го изјавил следново: "I am honoured, delighted, thrilled to bits and tickled pink". :) Предавањата ќе започнат во Април.

• Кејт Мулгроу (Капетан Џејнвеј) ќе биде меѓу авторите на книгата “Гласови на Алцхајмеровите” (Voices of Alzheimer’s), дело на организацијата “The Healing Project”. Книгата ќе се состои од приказни на луѓе кои се справуваат со последиците од Алцхајмеровата болест, а парите од продажбата ќе бидат наменети за истражувања и добротворни цели. Кејт е активна и во театарот; на 22 Февруари во New York City Center’s Stage II започнува со изведба претставата “Our Leading Lady” во која таа ја има улогата на Laura Keane, а дел е и од актерската екипа на “History Girls”, која ќе биде изведена на 12 Февруари.

• Александер Сидиг (Џулијан Башир) учествува во најновиот филмски проект на Нил Маршал, Doomsday. Во овој футуристички трилер Сигид ќе ја игра улогата на Хачер, британски премиер. Снимањето започнува следниот месец, на локации во Јужна Африка и Велика Британија. Сигид и понатаму е дел од серијата “24” каде ја игра улогата на Хамир Ал-Асад.

• Вилијам Шетнер (Капетан Кирк) неодамна имаше интервју во Time magazine, насловено како 10 Прашања за Вилијам Шетнер. Во него беа дискутирани теми поврзани со неговата улога во серијата Boston Legal, комедија која се емитува на телевизијата ABC од 2004 година. Шоуто на Шетнер насловено како “Show me the money” е откажано по едномесечно прикажување, и заменето со “Аmerica's Funniest Home Videos”. Шетнер изјавил дека се надева дека причината за отфрлањето на шоуто од страна на публиката е досадниот концепт на играта, а не неговата улога како водител.


Јануари беше месецот во кој родендени имаа: Dr. Leonard McCoy (DeForest Kelley), Nog (Aron Eisenberg), Zefram Cochrane (James Cromwell), Saavik (Kirstie Alley) и Ro Alen (Michelle Forbes).

На 08.01.2007 му беше роденденот на Стивен Хокинг, најпознатиот теоретски физичар и наводно голем Trek фан. :)
 
автор: Clathrin @ 1/31/2007 10:02:00 PM | 4 коментар(и)
Friday, January 19, 2007
Петиција која ќе биде испратена до македонските телевизии, за прикажување на Стар Трек серијалите. Потпишете!

http://www.petitiononline.com/pet/
 
автор: Бојан Николов @ 1/19/2007 02:04:00 PM | 26 коментар(и)
Sunday, January 14, 2007

Мак Трек доби свое место и на македонскиот блогерски сервис, Блогерај. Таму ќе бидат објавувани текстови од овој блог, кои се закопани во архивите. Година и пол, и 130 текстови, не е малку, нели? :)

Адресата е: http://mak-trek.blog.com.mk
 
автор: Бојан Николов @ 1/14/2007 02:03:00 AM | 0 коментар(и)
Monday, January 08, 2007

Мини-серијата од 3 епизоди, Star Trek: Of Gods And Men е одложена. Првата епизодата требаше да се појави во декември 2006, па овој месец, и на крај излезе информацијата дека ќе има задоцнување од неколку месеци.

Првата епизода, би требало да се појави во април, втората во мај и последната во јуни. Останува да чекаме нови информации.
 
автор: Бојан Николов @ 1/08/2007 09:34:00 PM | 3 коментар(и)
Wednesday, January 03, 2007
Официјалниот сајт за новиот Стар Трек филм, денеска ги сумираше (официјалниоте) информациите кои ги беа дале за и околу филмот. Првиот драфт за сценариото е напишан, а се очекува и вториот. Еве некои кои ги сметав за побитни:

1) Филмот излегува кон крајот на 2008.
2) Приказната ќе се врти околу Кирк и Спок пред Star Trek: TOS.
3) Ќе биде прикажан животот на Кирк пред Академијата, за време на Академијата, како и служењето на USS Faragut и командувањето на USS Enterprise.

Тоа што верувам дека повеќето ќе ги интересира, е кастингот. Сега за сега, нема никакви информации околу ова. Во 2007 ќе можеме да очекуваме трејлер, постер и нормално, официјален наслов на филмот. Од веќе познатите ликови, ќе ги видиме капетанот Пајк, МекКој, Скоти, итн...

За повеќе информации, кликнете тука.
 
автор: Бојан Николов @ 1/03/2007 04:36:00 PM | 1 коментар(и)