Thursday, April 19, 2007
Иако до сега се знаеше/претпоставуваше/шпекулираше дека Кирк ќе биде во новиот филм, режисерот Абрамс го потврди тоа во новиот број на Star Trek Magazine кој излезе деновиве. Тој исто така изјавува дека сценариото е конечно готово, филмот официјално оди во пре-продукција и наскоро се почнува со снимање.

Интересно е тоа што не открива кој период од животот на Кирк ќе биде покриен во филмот. Тука е отворена шансата да се врати Вилијам Шетнер како Кирк, барем во некоја сцена.
 
автор: Бојан Николов @ 4/19/2007 05:59:00 PM | 22 коментар(и)
Monday, April 16, 2007


Премиерата на првата епизода на мини-серијалот "Star Trek: Of Gods And Men" беше закажана за вчера, но на сајтот се појавија само првите три минути. Според сајтот, наскоро ќе може да се погледне целата епизода.

Три минути е премалку да се оцени мини-серијата така што нема да коментирам за тоа; интересно почнува, но сепак ќе почекаме за целата епизода која ќе трае околу половина час.

Верувам дека ќе може наскоро да се погледне, зошто чекаме околу 10 месеци.

Инаку, сајтот е комплетно сменет, има пристоен дизајн, има трејлери, 3 минутно видео и нови слики. Клик тука.
 
автор: Бојан Николов @ 4/16/2007 10:45:00 PM | 0 коментар(и)