Monday, April 16, 2007


Премиерата на првата епизода на мини-серијалот "Star Trek: Of Gods And Men" беше закажана за вчера, но на сајтот се појавија само првите три минути. Според сајтот, наскоро ќе може да се погледне целата епизода.

Три минути е премалку да се оцени мини-серијата така што нема да коментирам за тоа; интересно почнува, но сепак ќе почекаме за целата епизода која ќе трае околу половина час.

Верувам дека ќе може наскоро да се погледне, зошто чекаме околу 10 месеци.

Инаку, сајтот е комплетно сменет, има пристоен дизајн, има трејлери, 3 минутно видео и нови слики. Клик тука.
 
автор: Бојан Николов @ 4/16/2007 10:45:00 PM |


0 Comments: