Sunday, July 29, 2007
Додека ги чекаме ре-мастеризираните епизоди на Star Trek: The Original Series да излезат на ДВД (планирано е за крајот на оваа година), почнаа да кружат муабети дека и Star Trek: The Next Generation ќе бидат обработени на истиот начин, во HD формат. Веќе е завршен тестот на една епизода, но останува да видиме за понатаму.

Би било интересно да се види и TNG со подобрени ефекти, иако старите си се сосема во ред.

Старите епизоди поминаа низ многу подобрувања со разни CGI ефекти. Ентерпрајз, планетите, старите нацртани позадини се заменети со нови компјутерски анимации и сл. Исто така, и музиката и монологот на капетанот Кирк се ре-мастеризирани. Епизодите не беа прикажувани по редослед, туку по изборот на фановите.

извор: TrekMovie.com

 
автор: Бојан Николов @ 7/29/2007 05:26:00 PM | 14 коментар(и)
Friday, July 27, 2007
Капањата за спасување на серијалот “Enterprise” продолжува понатаму. На 5-ти август 2007, ќе има случување, наречено E-Day, кога фановите ќе треба да покажат дека го сакаат овој серијал назад. Значи, ќе се испраќаат писма, поштенски картички и слични други работи (до Paramaunt нормално) кои ќе ја означуваат веќе познатата Save Enterprise капања. Секој фан ќе може да земе учество, на било кој начин кој би помогнал за враќањето на “Enterprise”.

Enterprise е засега последниот Стар Трек серијал, кој по четири успешни сезони, престана да се емитува во 2005 година. Фановите веќе цели две години прават напори да го поттикнат неговото враќање на телевизијата. Останува да видиме како ќе помине E-Day, и дали ќе даде позитивни резултати.

 
автор: Бојан Николов @ 7/27/2007 07:20:00 PM | 12 коментар(и)
Thursday, July 26, 2007
Гласините за ѕвездата од “Heroes”, Zachary Quinto, во улогата на Спок во новиот Стар Трек филм, почнаа да се шират уште од декември минатата година. Како што поминуваше времето, гласините се претвараа во новости, па тука беше и изјавата на режисерот Абрамс, кој изјави дека бара помлади и помалку познати актери.

Но, вчера сајтот Moviehole изјави дека според нивните извори во Парамаунт, веќе е сигурно дека го имаат новиот Спок, односно Квинто. Исто така, деновиве би требало да дознаме нешто повеќе околу кастингот за новиот филм.

 
автор: Бојан Николов @ 7/26/2007 11:23:00 AM | 2 коментар(и)
Monday, July 23, 2007

Здраво на сите!

После долга пауза од неколку месеци, МакТрек е повторно тука, во ново, освежено издание. Во почетокот на август, МакТрек го слави својот втор роденден, и поради тоа решив да го обновам она што обедини многу Стар Трек фанови во Македонија.

Ова што моментално го гледате и читате, требаше да биде објавено за една недела, но неможев да издржам. Го имав дизајнов спремено пред скоро недела дена, и едвај чекав да го заменам со стариот. Исто така, во текот на неделава, можни се мали измени на дизајнот, во зависност од идеите што ќе ми дојдат.

Значи, продолжуваме понатаму! Иако правев муабет со некои од другите уредници на МакТрек за ре-активирањево, незнам кој сигурно ќе почне повторно да пишува. Но, во секој случај, јас ќе се потрудам да објавувам нови текстови, што е можно почесто. Тоа е тоа. Деновиве ќе има нови текстови, а до тогаш – забавувајте се со старите ако не сте ги прочитале. Има околу 130. :)

Поздрав, и фала им на оние што беа со нас овие две години.

 
автор: Бојан Николов @ 7/23/2007 11:17:00 PM | 6 коментар(и)