Thursday, July 26, 2007
Гласините за ѕвездата од “Heroes”, Zachary Quinto, во улогата на Спок во новиот Стар Трек филм, почнаа да се шират уште од декември минатата година. Како што поминуваше времето, гласините се претвараа во новости, па тука беше и изјавата на режисерот Абрамс, кој изјави дека бара помлади и помалку познати актери.

Но, вчера сајтот Moviehole изјави дека според нивните извори во Парамаунт, веќе е сигурно дека го имаат новиот Спок, односно Квинто. Исто така, деновиве би требало да дознаме нешто повеќе околу кастингот за новиот филм.

 
автор: Бојан Николов @ 7/26/2007 11:23:00 AM |


2 Comments:


At 7:12 PM, July 27, 2007, Anonymous freestyle

А шо е со останатите улоги , и може ли од некаде да се најде сценаријото

 

At 7:26 PM, July 27, 2007, Blogger Бојан Николов

Сценариото сеуште не. Ама се знае дека ќе се појави и Леонард Нимој како стариот Спок.