Friday, July 27, 2007
Капањата за спасување на серијалот “Enterprise” продолжува понатаму. На 5-ти август 2007, ќе има случување, наречено E-Day, кога фановите ќе треба да покажат дека го сакаат овој серијал назад. Значи, ќе се испраќаат писма, поштенски картички и слични други работи (до Paramaunt нормално) кои ќе ја означуваат веќе познатата Save Enterprise капања. Секој фан ќе може да земе учество, на било кој начин кој би помогнал за враќањето на “Enterprise”.

Enterprise е засега последниот Стар Трек серијал, кој по четири успешни сезони, престана да се емитува во 2005 година. Фановите веќе цели две години прават напори да го поттикнат неговото враќање на телевизијата. Останува да видиме како ќе помине E-Day, и дали ќе даде позитивни резултати.

 
автор: Бојан Николов @ 7/27/2007 07:20:00 PM |


12 Comments:


At 7:28 PM, July 27, 2007, Anonymous freestyle

а да ни оставите адреса кај да ги праќаме писасмата

 

At 7:31 PM, July 27, 2007, Blogger Бојан Николов

Веројатно ќе иде преку TU форумот. Има линк на линкот во постот. Провери таму. :)

 

At 7:37 PM, July 27, 2007, Anonymous freestyle

а шо стана со петицијата

 

At 7:41 PM, July 27, 2007, Blogger Бојан Николов

Не беше баш успешна, за жал.

 

At 7:44 PM, July 27, 2007, Anonymous freestyle

Ама телма нели го имак купено серијалот Ентерпрајз, зошто пак не го дават, или го изнајмиле за да можат да го пуштат два пати

 

At 7:46 PM, July 27, 2007, Blogger Бојан Николов

Е, незнам за тоа. :)

 

At 7:55 PM, July 27, 2007, Anonymous freestyle

888 потписи не е малку. А и сител еднаш а даваше и Voyager пред 5-6 год.
Мене најдобри ми се Star Trek The Next Generation & Star Trek Enterprise

 

At 8:06 PM, July 27, 2007, Blogger Бојан Николов

Ау, ти збориш за петицијата до телевизиите што беше. Јас се префрлив на таа за Ентерпрајз до Парамаунт. Е, ни со таа незнам што се случи.

 

At 8:09 PM, July 27, 2007, Anonymous freestyle

Фала што ми отвори барем некаква надеж со твојот трет коментар само што ми го расипа летото а сега ми воведе бистра планинска светлост во очите, вечер ќе се молам пред големиот постер на кирк шо го имам во собата

 

At 8:34 PM, July 27, 2007, Blogger Бојан Николов

Абе што ќе ти се на ТВ, се наоѓаат на ДВД. :)

 

At 8:49 PM, July 27, 2007, Anonymous freestyle

Јас сакам да го најдам Ентерприсе на ДВД, ама не можам, единстваниот што лично го знам што ги има е колега на сестрами и моментално е пат околу светот, со она за студенти шо беше, сеа не ми текнуваше како се вика, ама како и да е не ми се чека еден месец, за downloadирање не ми се исплаќа, аво ниедна ДВДтека ги нема, чаре барам

 

At 2:30 PM, July 28, 2007, Blogger XXX-->Ivan<--XXX

lol и ова ли го имало :))