Sunday, July 29, 2007
Додека ги чекаме ре-мастеризираните епизоди на Star Trek: The Original Series да излезат на ДВД (планирано е за крајот на оваа година), почнаа да кружат муабети дека и Star Trek: The Next Generation ќе бидат обработени на истиот начин, во HD формат. Веќе е завршен тестот на една епизода, но останува да видиме за понатаму.

Би било интересно да се види и TNG со подобрени ефекти, иако старите си се сосема во ред.

Старите епизоди поминаа низ многу подобрувања со разни CGI ефекти. Ентерпрајз, планетите, старите нацртани позадини се заменети со нови компјутерски анимации и сл. Исто така, и музиката и монологот на капетанот Кирк се ре-мастеризирани. Епизодите не беа прикажувани по редослед, туку по изборот на фановите.

извор: TrekMovie.com

 
автор: Бојан Николов @ 7/29/2007 05:26:00 PM |


14 Comments:


At 5:51 PM, July 29, 2007, Anonymous freestyle

i na The Next Generation treba nekoi izmeni vo speciajlnite efekti, mislam deka ST Enterprise bea sovrseni vo Specijalnite efekti

 

At 1:46 AM, July 30, 2007, Blogger Romulan

pa islam deka samo do 5 sezona se potrebni promeni i deka ako serijalot premnogu se kompijuterizira ke go izgubi smekot ipak old school maketite davaat podobar izgled i tekstura na brodot i dr raboti a dodeka se preprava TNG isto taka dobro bi bilo malku i da se dosminka DS9

 

At 3:28 AM, July 30, 2007, Blogger Neno

А да си се концентрисаат луѓето што стојат зад ова за најновиот STAR TREK (2008) филм?
Супер е идејава но лично јас сметам дека нема потреба од remastering пошто со самото тоа TOS па и TNG би ја изгубиле автентичноста и оригиналноста.

 

At 11:31 AM, July 30, 2007, Anonymous freestyle

Нено у право ди, ако повеќе се сокнцентрираат на новиот ST филм, не би чекале до 2008 туку можеби побрзо би го завршиле, цела година е ногу за чекање. :|

 

At 12:09 PM, July 30, 2007, Anonymous freestyle

а ќе има ли некаква журка , собир на Star Trek фанови по повод роденденот на Мак Трек

 

At 12:23 PM, July 30, 2007, Anonymous freestyle

а има ли некој Star Trek Legacy или Star Trek battle stations.

 

At 2:50 PM, July 30, 2007, Blogger Romulan

Jas ja imam Legacy

 

At 2:51 PM, July 30, 2007, Anonymous freestyle

како да ми а дајш, нарежиш

 

At 4:23 AM, August 01, 2007, Blogger Верверичката

Нека, нека... Нека ги освежат малце сериите, барем првите неколку сезони. Понатаму понешто се поправи со појавата на подобра графичка технологија, ама не ќе е лошо да „ревитализираат“ малце. Барем да ги заменат тие планетите кои една на друга личат, или тоа позадините кои апла се гледа дека се обични платна, или вонземските средини малце да ги направат „вонземски“ со по некој ефект... Да им ги поцрнат малце забите на тоа Ференгите, многу им се бели во ТНГ :-). А бре, до сега 3 пати сум ги прегледувал сите серијали, ако направат „лифт ап“ на оваа, па уште 3 пати ќе ја препрегледам.

 

At 9:07 PM, August 01, 2007, Anonymous anonimna

Se solglasuvam so Romulan.

 

At 1:07 AM, August 03, 2007, Blogger Romulan

This comment has been removed by the author.

 

At 1:09 AM, August 03, 2007, Blogger Romulan

yo greska vo pisuvanje btw fala za podrska, a za legacy ok ke ti ja izrezam ama ako si u sk!

 

At 12:29 AM, August 04, 2007, Anonymous freestyle

изгледа за недела или две идам у СК, ако не си слободен ќе се потрудиш да ми ја дадиш на 20 годишнината од ТНГ , поточно те молам да се потрудиш

 

At 1:32 AM, August 05, 2007, Blogger Romulan

a be ke ti ja izrezam ako ja najdam zs mi e zaturena negde po doma samo koga i kade ke bide godisninata da znam za da dojdam!