Thursday, August 30, 2007
Почнаа да се шират гласини дека актерката Зое Салдана, која патем е и манекенка, има шанси да ја добие улогата на офицерот за комуникации, Ухура. Договорот и бил понуден од Парамаунт, но актерката има пополнет распоред, и ќе биде зафатена со улогата во новиот филм на режисерот Џејмс Камерун, Avatar. Снимањето на Avatar би требало да започне во октомври 2007, а почетокот на снимањето на новиот Стар Трек филм е закажан за средината на ноември.

Во оргиналната серија и филмовите, улогата на Ухура ја толкуваше актерката Нишел Николс, за која нема никакви информации дали ќе се појави во новиот филм.

 
автор: Бојан Николов @ 8/30/2007 02:08:00 AM | 1 коментар(и)
Wednesday, August 29, 2007
Последниов период вниманието на Стар Трек јавноста и медиумите е сконцентрирано кон новиот Спок, актерот Закари Квинто. Квинто изминатиов период интензивно се дружи со неговиот постар колега Леонард Нимој, оргиналниот Спок од сериите и филмовите. Квинто исто така изјави дека веќе се подготвува за улогата на младиот Спок, и дека неговиот Спок ќе има повеќе емоции од оној на Нимој.

Исто така, познато е дека Квинто има потпишано договор со Парамаунт, за толкување на улогата на Спок во наредните Стар Трек филмови и серии.

На овој линк, имате целосно интервју со Закари Квинто, каде што зборува за неговата улога во новиот Стар Трек филм, и слични други интересни работи.

 
автор: Бојан Николов @ 8/29/2007 12:55:00 PM | 0 коментар(и)
Tuesday, August 21, 2007

Гери Реин решил своето уживање во Стар Трек да го зголеми, со тоа што си изградил домашно кино. Неговото кино е комплетно инспирирано од Стар Трек, што повеќе делува како вселенски брод, отколку како кино.

Од чистењето на подрумот каде што е сместено киното, до комплетното завршување му биле потребни две години и 15.000$. Киното е опремено со Sony LCD проектор, 7.1 сараунд, ДВД плеер и колекција на Стар Трек ДВД-ја.

Гери, за ова негово дело има добиено и награда.

За повеќе слики и информации за Стар Трек киното, кликнете тука.
 
автор: Бојан Николов @ 8/21/2007 06:03:00 PM | 5 коментар(и)
Friday, August 17, 2007
Џонатан Арчер е легендарен oфицер на Ѕвездената Флота и капетан на Enterprise NX-01, прв ворп 5 брод на Обединетата Земја. Во таа улога, тој е одговорен за зголемувањето на присуството на Обединетата Земја во Алфа и Бета Квадрантот, и запознавање на многу нови раси, меѓу нив и Клингонците, Андоријанците и Ксиндите.

Како еден од најважните луѓе во внатрешната историја , Арчер е целосно заслужен за спасувањето на Земјата од Ксиндите и исправајќи го патот за создавање на Обединетата Федерација на Планети. Тој продолжува, и станува еден од најраните претседатели на федерацијата.

Иако роден во Њу Јорк поголемиот дел од животот Арчер го поминува во Сан Франциско, виновник за ова е татко му кој го усовршувал ворп моторот дизајнирајќи го Enterprise NX-01. Kога Арчер имал само 12 години татко му починува. Неколку години пред појавувањето на Ѕвездената флота Арчер размислува да служи во Трговски брод, но набргу таа ја отфрла таа идеја. Мисијата на Арчер започнува во 2151 година како капетан на Enterprise NX-01. Мисијата била да го вратат клингонскиот офицер Кланг на Кронос. После успешната мисија следуваат уште многу, многу мисии и патувања се до крајната граница на вселената.

испратил: Диме
 
автор: Бојан Николов @ 8/17/2007 01:16:00 PM | 2 коментар(и)
Wednesday, August 15, 2007
Одамна не сум пишал ваков пост. Значи, што е ново на МакТрек? Додадена е галерија на десктоп позадини во левото мени, најдолу. Обновена е рубриката "Статија на неделата", каде што секоја недела ќе се објавуваат линкови до интересни статии кои се закопани во архивите на МакТрек.

Деновиве ќе бидат објавени две статии, испратени од читатели. Исто така, можно е проширување на екипата која го работи блогот, но за тоа, кога ќе биде официјално.

Блогот си продолжува со ова темпо, значи ќе се објавуваат новости во врска со Стар Трек и новиот филм, статии, ќе има апдејти на галеријата, а можни се и анкети какви што имаше порано.
 
автор: Бојан Николов @ 8/15/2007 08:48:00 PM | 0 коментар(и)
Monday, August 13, 2007
"There are three things to remember about being a starship captain: keep your shirt tucked in, go down with the ship, and never abandon a member of your crew."

Кетрин Џејнвеј е офицер на Ѕвездената флота, која живее и работи за време на 24-от век. Таа е највеќе позната и почитувана како капетан на USS Voyager. За време на нејзината служба, таа стана првиот капетан на Федерацијата кој успешно пропатувал низ Делта Квадрантот , наидувајќи на многу нови цивилизации и планети , во текот на 7 годишното патување , вкучувајќи ги и бројните соочување со Борг. Џејнвеј е позната како голем љубител на кафе.

Џејнвеј е родена 20-ти Мај во Блумингтон, Индијана, планетата Земја. За годината на раѓање говорат различни податоци, од кои едните (во епизодата “The Killing Game”) велат дека е родена во 2344, што би значело дека на 27 годиншна возраст, ја превземала командата врз USS Voyager. Според другите извори, имала 35 години кога започнала нејзината мисија на USS Voyager, што би водело до 2336 како нејзина дата на раѓање.

Води потекло од татко адмирал во Ѕвездената флота, а и таа, по завршувањето на мисијата на USS Voyager, е назначена за адмирал.

Џејнвеј ја започнува својата кариера на бродот USS Al-Batani, под команда на капетанот Овен Парис. Подоцна, во 2371 ја завзема капетанската позиција на USS Voyager. Првата мисија на USS Voyager е да го лоцира изгубениот Maquis брод. Додека трае потрагата, USS Voyager наидува на енергетски бран, предизвикан од битието Caretaker, коишто ги носи во Делта Квадрантот. Оттука, USS Voyager заедно со дел од екипажот на Maquis се наоѓа пред најтешката мисија- да се врати 70.000 светлосни години назад до дома.

(Благодарност до Ивана за текстот)

Линкови:
Star Trek: Voyager
Капетан Jean-Luc Picard
Капетан Benjamin Sisko
Капетан James T. Kirk
 
автор: Бојан Николов @ 8/13/2007 08:44:00 PM | 3 коментар(и)
Friday, August 10, 2007
Одамна најавениот мини-серијал "Star Trek: Of Gods And Men", иако е одамна снимен, неговото прикажување се одложуваше неколку пати. Првата епизода беше најавена за април 2007, па се појавија првите три минути од истата, за на крај да биде повторно одложено прикажувањето.

Режисерот на "Star Trek: Of Gods And Men", Тим Рас (попознат како вулканецот Тувок од Star Trek: Voyager) на конвенцијата во Лас Вегас, која започна вчера, изјави дека премиерата на ST: OG&M ќе биде во септември оваа година. Според Рас, одложувањето се должи на работата на компјутерските ефекти за вториот и третиот дел од мини-серијалот. Исто така, тој вели дека првиот е готов, но сакаат да ги завршат останатите два, пред да излезе првиот.

Покрај ова, фановите имаат можност да го погледнат новиот трејлер, на официјалниот сајт на "Star Trek: Of Gods And Men".
 
автор: Бојан Николов @ 8/10/2007 02:03:00 PM | 4 коментар(и)
Thursday, August 09, 2007

Денеска во Лас Вегас започнува една од најголемите Стар Трек конвенции во светот. Конвенцијата е организирана од страна на Creation Entertainment, и ќе се одржи во "Хилтон" хотелот, каде што исто се наоѓа Star Trek: The Experience.

Организаторите очекуваат појавување на 15.000 фанови од целиот свет. Ќе се појават повеќе од 70 актери и останатиот дел од екипата (луѓето зад камерите), кои бил дел од Стар Трек во изминатите 40 години. Меѓу другите, ќе се појави целата актерска екипа на TOS, заедно со Вилијам Шетнер, како и поголемиот дел од TNG.

Програмата е неверојатна, и повеќе од сигурно е дека фановите ќе имаат добра забава во Лас Вегас.

Конвенцијата почнува на 09.09, и ќе трае до 12.09.2007 година. За повеќе информации, како програмата и списокот на гости, проверете го официјалниот сајт на Creation Entertainment.

Долколку сте заинтересирани како беше лани на истава конвенција, кликнете тука за галерија со слики.
 
автор: Бојан Николов @ 8/09/2007 12:02:00 PM | 4 коментар(и)
Wednesday, August 08, 2007
Сигурно се сеќавате дека минатата година кружеа гласини дека во улогата на капетанот Кирк, ќе се појави Том Круз. Најновите гласини се дека Том Круз ќе се појави во улога на првиот Стар Трек капетан - Кристофер Пајк (TOS, "The Cage"). Најверојатно капетанот Пајк ќе има мала улога во новиот филм.

Исто така, доаѓаат и новости во врска со кастингот, поточно за ликот на Павел Чехов. Како опција се спомнува актерот со руско потекло - Anton Yelchin.

Инаку, почетокот на снимањето на новиот Стар Трек филм е закажан за 5-ти Ноември 2007 година. Наскоро треба да има повеќе новости за кастингот. Сеуште е неизвесно дали Вилијам Шетнер ќе се појави во улогата на капетан Кирк.
 
автор: Бојан Николов @ 8/08/2007 02:21:00 PM | 8 коментар(и)
Sunday, August 05, 2007
Во изминативе триесетина години, биле во план неколку Стар Трек проекти, односно филмови и серии кои никогаш не успеале да ја видат светлината на денот. Покрај пропаднатите планови за уште понекоја сезона на TOS и ENT, еве што друго било во план:

Star Trek: Planet of the Titans (1976-1977)
Ова требало да биде првиот долгометражен филм, со приказна која ги инволвирала Клингонците. Подоцна, плановите за филмот се преточуваат во идејата за
Star Trek: Phase II, што подоцна станува Star Trek: The Motion Picture.

Star Trek: The First Adventure (1989)
Според насловот, лесно е да се открие дека станува збор за што станува збор. Да, филмов требало да ги прикаже младите денови на капетанот Кирк, заминувањето на Академијата и среќавањето со Спок. Зар не ви звучи ова како муабетите што се шират за новиот Стар Трек филм?

Star Trek: IMAX (1997)
IMAX 3D филм, полн со ефекти и со времетрање од 40 минути. Покрај буџетот од 10 милиони долари, овој проект е откажан.

Star Trek: The Beginning (2005)
Е, за ова спомнавме и на МакТрек уште поодамна. Приказната требаше да биде сместена во 2010 година. Ви текнува? После го баталија тоа и се префрлија на она што би требало да биде единаесетиот Стар Трек долгометражен филм.

Продолжение на Nemesis
Бил планиран уште еден филм со екипажот од TNG, но поради слабиот финанскиски успех на Nemesis, и овој проект е откажан.

Star Trek: Phase II
За ова пишувавме пред две години. Клик тука.

Анимиран TOS/TNG кросоувер (1990)
Мене ми звучи прилично интересно, но не им звучело така и на луѓето од телевизиите на коишто им била понудена оваа идеја.

Star Trek: The Lions of the Night (2003)
Првиот 3D CGI анимиран Стар Трек филм, со капетанот Сулу и Enterprise-B.

 
автор: Бојан Николов @ 8/05/2007 11:06:00 PM | 3 коментар(и)