Thursday, August 09, 2007

Денеска во Лас Вегас започнува една од најголемите Стар Трек конвенции во светот. Конвенцијата е организирана од страна на Creation Entertainment, и ќе се одржи во "Хилтон" хотелот, каде што исто се наоѓа Star Trek: The Experience.

Организаторите очекуваат појавување на 15.000 фанови од целиот свет. Ќе се појават повеќе од 70 актери и останатиот дел од екипата (луѓето зад камерите), кои бил дел од Стар Трек во изминатите 40 години. Меѓу другите, ќе се појави целата актерска екипа на TOS, заедно со Вилијам Шетнер, како и поголемиот дел од TNG.

Програмата е неверојатна, и повеќе од сигурно е дека фановите ќе имаат добра забава во Лас Вегас.

Конвенцијата почнува на 09.09, и ќе трае до 12.09.2007 година. За повеќе информации, како програмата и списокот на гости, проверете го официјалниот сајт на Creation Entertainment.

Долколку сте заинтересирани како беше лани на истава конвенција, кликнете тука за галерија со слики.
 
автор: Бојан Николов @ 8/09/2007 12:02:00 PM |


4 Comments:


At 2:37 PM, August 09, 2007, Anonymous freestyle

само за да отидиш во Стар Трек Експирианс треба да платиш 2000 ден.

 

At 8:43 PM, August 09, 2007, Blogger Romulan

ama toa e sitna para za nekoj

 

At 11:46 PM, August 09, 2007, Anonymous freestyle

“за некој“
за нас не е ситна пара, рачунај патни трошкови, спиење јадење, сето ќе те кошта една вожња со СпејсШаталот

 

At 2:48 PM, August 10, 2007, Blogger Romulan

abe normalno toa samo ti vikam za nekoi so ne znaat so da praat so parite ili ne im teknalo deka mozat da kupat celi kolekcii filmovi i razna stoka od star trek toa e sitna para :D