Thursday, August 30, 2007
Почнаа да се шират гласини дека актерката Зое Салдана, која патем е и манекенка, има шанси да ја добие улогата на офицерот за комуникации, Ухура. Договорот и бил понуден од Парамаунт, но актерката има пополнет распоред, и ќе биде зафатена со улогата во новиот филм на режисерот Џејмс Камерун, Avatar. Снимањето на Avatar би требало да започне во октомври 2007, а почетокот на снимањето на новиот Стар Трек филм е закажан за средината на ноември.

Во оргиналната серија и филмовите, улогата на Ухура ја толкуваше актерката Нишел Николс, за која нема никакви информации дали ќе се појави во новиот филм.

 
автор: Бојан Николов @ 8/30/2007 02:08:00 AM |


1 Comments:


At 11:26 AM, August 30, 2007, Anonymous freestyle

За да се појави оваа Зое како Ухура ќе и требат ногу ама ептен ногу шминки за да заличе на неа...
И зошто едноставно не му ги затегнат брчките на старите актери и нека си се појават, сега се се може да се направе некој да изгледа помлад