Friday, August 17, 2007
Џонатан Арчер е легендарен oфицер на Ѕвездената Флота и капетан на Enterprise NX-01, прв ворп 5 брод на Обединетата Земја. Во таа улога, тој е одговорен за зголемувањето на присуството на Обединетата Земја во Алфа и Бета Квадрантот, и запознавање на многу нови раси, меѓу нив и Клингонците, Андоријанците и Ксиндите.

Како еден од најважните луѓе во внатрешната историја , Арчер е целосно заслужен за спасувањето на Земјата од Ксиндите и исправајќи го патот за создавање на Обединетата Федерација на Планети. Тој продолжува, и станува еден од најраните претседатели на федерацијата.

Иако роден во Њу Јорк поголемиот дел од животот Арчер го поминува во Сан Франциско, виновник за ова е татко му кој го усовршувал ворп моторот дизајнирајќи го Enterprise NX-01. Kога Арчер имал само 12 години татко му починува. Неколку години пред појавувањето на Ѕвездената флота Арчер размислува да служи во Трговски брод, но набргу таа ја отфрла таа идеја. Мисијата на Арчер започнува во 2151 година како капетан на Enterprise NX-01. Мисијата била да го вратат клингонскиот офицер Кланг на Кронос. После успешната мисија следуваат уште многу, многу мисии и патувања се до крајната граница на вселената.

испратил: Диме
 
автор: Бојан Николов @ 8/17/2007 01:16:00 PM |


2 Comments:


At 3:16 PM, August 17, 2007, Anonymous freestyle

Добро испадна, не е толку кратко колку шо мислев дека ќе испадне

 

At 11:50 AM, August 29, 2007, Anonymous Anonymous

Стварно, многу кратко! А одлични беа 4-те сезони! Помалку тупење повеќе акција.
Штета!