Monday, August 13, 2007
"There are three things to remember about being a starship captain: keep your shirt tucked in, go down with the ship, and never abandon a member of your crew."

Кетрин Џејнвеј е офицер на Ѕвездената флота, која живее и работи за време на 24-от век. Таа е највеќе позната и почитувана како капетан на USS Voyager. За време на нејзината служба, таа стана првиот капетан на Федерацијата кој успешно пропатувал низ Делта Квадрантот , наидувајќи на многу нови цивилизации и планети , во текот на 7 годишното патување , вкучувајќи ги и бројните соочување со Борг. Џејнвеј е позната како голем љубител на кафе.

Џејнвеј е родена 20-ти Мај во Блумингтон, Индијана, планетата Земја. За годината на раѓање говорат различни податоци, од кои едните (во епизодата “The Killing Game”) велат дека е родена во 2344, што би значело дека на 27 годиншна возраст, ја превземала командата врз USS Voyager. Според другите извори, имала 35 години кога започнала нејзината мисија на USS Voyager, што би водело до 2336 како нејзина дата на раѓање.

Води потекло од татко адмирал во Ѕвездената флота, а и таа, по завршувањето на мисијата на USS Voyager, е назначена за адмирал.

Џејнвеј ја започнува својата кариера на бродот USS Al-Batani, под команда на капетанот Овен Парис. Подоцна, во 2371 ја завзема капетанската позиција на USS Voyager. Првата мисија на USS Voyager е да го лоцира изгубениот Maquis брод. Додека трае потрагата, USS Voyager наидува на енергетски бран, предизвикан од битието Caretaker, коишто ги носи во Делта Квадрантот. Оттука, USS Voyager заедно со дел од екипажот на Maquis се наоѓа пред најтешката мисија- да се врати 70.000 светлосни години назад до дома.

(Благодарност до Ивана за текстот)

Линкови:
Star Trek: Voyager
Капетан Jean-Luc Picard
Капетан Benjamin Sisko
Капетан James T. Kirk
 
автор: Бојан Николов @ 8/13/2007 08:44:00 PM |


3 Comments:


At 10:49 PM, August 13, 2007, Anonymous freestyle

е конечно да се смени нешто во постовите,
мислам дека недостасуваше ова, ама сега го пополни тој празен простор.
БРАВО
а Kathryn Janeway млада станала капетан :)

 

At 1:21 AM, August 14, 2007, Blogger Бојан Николов

Ќе има, ќе има. Иако малку е сменет концептот на самиот блог, ќе има и вакви текстови. :)

 

At 6:16 PM, August 26, 2007, Blogger Верверичката

Кетрин можеби ми е најхаризматината личност во Стар Трек. Со карактерот „ко од амеро-запад“ стварно има интересни моменти во серијата.