Friday, September 28, 2007
Пред точно 20 години, на оваа дата, е прикажана првата епизода од Star Trek: The Next Generation.
 
автор: Бојан Николов @ 9/28/2007 08:38:00 PM | 5 коментар(и)
Thursday, September 27, 2007
Конечно нови гласини/новости околу кастингот за новиот Стар Трек филм. За улогата на Скоти, се спомнува актерот Пол МекГилион, на публиката познат како Др.Бекет од Stargate: Atlantis. Актерот е со шкотско потекло и има 38 години. Учествувал на аудицијата за новиот Стар Трек филм во Лос Анџелес, па останува да видиме дали неговото учество ќе биде потврдено.

Актерот Мајк Вогел, е исто така спомнуван, но за улогата на капетанот Кирк. Актерот има 28 години, и е познат по минатогодишниот филм “Poseidon”.

Снимањето на новиот Стар Трек филм би требало да почне наскоро, па да се надеваме дека во најскоро време ќе го имаат комплетниот кастинг.

 
автор: Бојан Николов @ 9/27/2007 02:04:00 PM | 12 коментар(и)
Tuesday, September 18, 2007
Пред две недели имаше муабети дека Зое Салдана ќе биде Ухура, во новиот Стар Трек филм. Конечно, овие тврдења се официјализирани од Парамаунт.

Досега, потвредни се Zachary Qunto (младиот Спок), Anton Yelchin (Чехов) и Leonard Nimoy како постариот Спок.

Сеуште ништо не познати кој ќе ги толкува улогите на МекКој, Скоти, Сулу и нормално, Кирк.

Според мене, Салдана е добар избор за Ухура.
 
автор: Бојан Николов @ 9/18/2007 02:30:00 PM | 4 коментар(и)
Wednesday, September 12, 2007
Андреј напиша одлична статија за Клингонските оружја. Еве дел од нив, за останатите кликнете тука.

Birth of a Blade

Before a weapon is
the soul of a warrior,
it is first
the heart of the craftsman.
Forged with the heat
of passion,
Cooled with
blood tainted sweat,
Shaped with a
vision of perfection,
as the master wields the hammer.

M'Ikiro 1-19-98


Општо познато е дека клингонскиот воин е скоро секогаш вооружен. Ниту еден клингонец не се соочува со смртта невооружен, макар тоа да е и најобичен бодеж. Клингонските оружја за борба гради в гради потекнуваат од примитивните оружја на клингонците, од кои повеќето се инспирирани од природата.

Bat'leth

Bat'leth-от е секако највпечатливото од сите клингонски оружја. Иако неговите димензи зависат претежно од физичката големина на воинот кој го користи, вообичаено е да е со должина од 1 m (мерено од врв до врв) и 30-35 cm од гребенот па до врвот на мечот. Оргинално Bat'leth-от се изработува од коска, поточно од черепот на еден вид на риба својствена за клингонскиот матичен свет, наречена "Shadow fish", пред се поради својата природа да лови скоро невидлива од дното, слично на ражите (види слика).

Daqtagh

Личното оружје на секој клингонски воин, и нејчесто користен во дуели. На сликата е прикажан целосен нож, односно со moQ (сферичен завршеток), DuQwI'Hommey(игли) и амблем на куќата на која припаѓа. Должината на ова оружје варира, она на сликата е со должина 30 cm од кои 10 отпаѓаат на дршката. Подолу следат различни варијации на ова оружје.

Mek'leth

Mek'leth или "Bridge sword" е оружје со дебелин од 8 mm и должина од околу 50 cm, целоно изработен од метал, со дршка обмотана со кожа. Се користи за борба гради в гради бо тесни порстории и обично го користат воини со брзи рефлекси.
Неговиот историјат е мошне интересен. Потекнува од држачите за инсталаци кои се наоѓаат на клингонските бродови, како на сликата.

The Sword Of Khaless

The Sword Of Khaless, со кој, според легендата, Khaless го победил тиранот Molor пред истото оружје да го нарече bat'leth, односно "меч на честа". Според истата легенда, мечот го направил од прамен од својата коса кој го потопил во вулканот Kri'stak, и додека сеуште горел го потопил во езерото Lursor и го извиткал во форма на оружје.

 
автор: Бојан Николов @ 9/12/2007 01:50:00 PM | 4 коментар(и)
Friday, September 07, 2007
Елим Гарак е еден од најфасцинантните карактери во серијалот Star Trek, тој се појавува во многу епизоди од серијата Deep Space Nine и е од клучно значење во одвивањето на настаните. Малку се знае за неговото минато, негов татко е Enabran Tain кој е главата на Obsidian Order, тајна елитна Кардасијанска разузнавачка агенција од која кардасијанците најмногу се плашат.

Уште како млад, Garak ја почнува својата кариера во Obsidian Order, со неговите вештини тој брзо прогресира низ ранковите на оваа тајна кардасијанска организација и постанува десна рака на Enabran Tain. Познато е дека додека бил во служба во организацијата тој има извршено многу тајни мисии, заговори и убиства на дипломати и познати личности од други планети и сончеви системи. Понатамошната соработка со Обсидианскиот ред почнува да опаѓа и тој е протеран од Кардасија на станицата Terok Nor, која подоцна после доаѓањето на Федерацијата ќе биде преименувана во Deep Space Nine.

После повлекувањето на Кардасијанските трупи од планетата Бејжор (Bajor), Гарак е оставен на милост и немилост на народот кој бил под тешко ропство од страна на Кардасијанците. Единствената околност што можеби му го спасува животот на Гарак е тоа дека станицата и е доверена на Федерацијата која е на неутрална страна. На многу начини тој се обидува да ја врати изгубената доверба од Кардасијанската влада, дури и ги шпиунира преговорите за членство помеѓу Бејжор и Федерацијата но ништо од тоа не му помогнува да ја поврати изгубената доверба од неговиот народ.

Гарак е лажливец, крадец, опортунист, особини кои му помагаат да опстане жив во организација како Obsidian Order. Нешто многу карактеристично за него е тоа што Кардасија се откажува од него, но тој никогаш не се откажува од својата татковина, тој останува лојален на неа и покрај фактот дека е протеран доживотно од неговото родно место.

Според мене тој е еден од најинтересните ликови во серијалот Star Trek, и секогаш кога ќе го видев името Andrew Robinson (името на актерот што го глуми Гарак) знаев дека епизодата ќе биде многу интересна.
 
автор: Ј. Зинговски @ 9/07/2007 08:14:00 PM | 7 коментар(и)