Wednesday, September 12, 2007
Андреј напиша одлична статија за Клингонските оружја. Еве дел од нив, за останатите кликнете тука.

Birth of a Blade

Before a weapon is
the soul of a warrior,
it is first
the heart of the craftsman.
Forged with the heat
of passion,
Cooled with
blood tainted sweat,
Shaped with a
vision of perfection,
as the master wields the hammer.

M'Ikiro 1-19-98


Општо познато е дека клингонскиот воин е скоро секогаш вооружен. Ниту еден клингонец не се соочува со смртта невооружен, макар тоа да е и најобичен бодеж. Клингонските оружја за борба гради в гради потекнуваат од примитивните оружја на клингонците, од кои повеќето се инспирирани од природата.

Bat'leth

Bat'leth-от е секако највпечатливото од сите клингонски оружја. Иако неговите димензи зависат претежно од физичката големина на воинот кој го користи, вообичаено е да е со должина од 1 m (мерено од врв до врв) и 30-35 cm од гребенот па до врвот на мечот. Оргинално Bat'leth-от се изработува од коска, поточно од черепот на еден вид на риба својствена за клингонскиот матичен свет, наречена "Shadow fish", пред се поради својата природа да лови скоро невидлива од дното, слично на ражите (види слика).

Daqtagh

Личното оружје на секој клингонски воин, и нејчесто користен во дуели. На сликата е прикажан целосен нож, односно со moQ (сферичен завршеток), DuQwI'Hommey(игли) и амблем на куќата на која припаѓа. Должината на ова оружје варира, она на сликата е со должина 30 cm од кои 10 отпаѓаат на дршката. Подолу следат различни варијации на ова оружје.

Mek'leth

Mek'leth или "Bridge sword" е оружје со дебелин од 8 mm и должина од околу 50 cm, целоно изработен од метал, со дршка обмотана со кожа. Се користи за борба гради в гради бо тесни порстории и обично го користат воини со брзи рефлекси.
Неговиот историјат е мошне интересен. Потекнува од држачите за инсталаци кои се наоѓаат на клингонските бродови, како на сликата.

The Sword Of Khaless

The Sword Of Khaless, со кој, според легендата, Khaless го победил тиранот Molor пред истото оружје да го нарече bat'leth, односно "меч на честа". Според истата легенда, мечот го направил од прамен од својата коса кој го потопил во вулканот Kri'stak, и додека сеуште горел го потопил во езерото Lursor и го извиткал во форма на оружје.

 
автор: Бојан Николов @ 9/12/2007 01:50:00 PM |


4 Comments:


At 2:24 PM, September 12, 2007, Blogger Ivana

Интересно навистина. Читав за ова на форумот:)

 

At 2:30 PM, September 12, 2007, Blogger Old Skool English

vrat ova ti e fenomenalno za klingonskive mecevi ama sea da bideme iskreni na borgot nikoj i nisto ne mu moze pa od kaj saka neka bide mecot. ama so e za pocit za pocit e nedaj boze da ti se stavi nekoj tezok psihopat u ferka so bilo so od ovie raboti

 

At 7:55 PM, September 12, 2007, Anonymous freestyle

Би го викале Џекмавосек КЛИНГОНЕЦОТ

 

At 12:20 AM, September 27, 2007, Blogger Rogi

А бе да се сложувам дека со Bat'leth не може протов боргите, ама ако се земе во предвид некоја т.н. Art of War тогаш мора, барем според мене, да се признае дека Клингонците и нифните оружја се некаде при врвот...

За Sword of Khales неам коментар. Дефинитивно мое омилено Стар Трек оружје.

Qapla'