Friday, October 19, 2007
Конечно се знаат имињата на актерите кои ќе го толкуваат оргиналниот екипаж на Enterprise. Беа објавени и тука, заедно со сите шпекулации и гласини. Луѓето од Slashfilm направиле монтажа, која може да се погледне подолу. Исто така, еве и линк до оригалната вест, каде што има по некоја информација за секој од новите актери, нормално, проследена со слика.

Деновиве ако имам време, ќе направам и едно мени од страна, каде што ќе одат сите новости за Star Trek XI. Во меѓувреме, погледнете го најновото интервју со Вилијам Шетнер, кое излезе вчера, каде што зборува за новиот филм.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 10/19/2007 10:26:00 AM | 6 коментар(и)
Friday, October 12, 2007

(од лево кон десно: John Cho, Simon Pegg, Chris Pine)

Конечно нови актери во екипата за новиот Стар Трек филм. Потврдени се Џон Чо (Сулу) и Сајмон Пег (Скоти). Сајмон Пег на публиката и е познат по неговите успешни остварувања како Shaun of the Dead и Hot Fuzz, каде што се јавува како актер и сценарист.

За улогата на Кирк, деновиве се спомнува актерот Крис Пајн, но сеуште не е потврдено.

UPDATE: Крис Пајн е новиот Кирк.

 
автор: Бојан Николов @ 10/12/2007 12:48:00 PM | 8 коментар(и)
Tuesday, October 09, 2007
Спок е мешавина од двете раси, тој припаѓа и на човечката и на вулканската. За време на неговата служба во Ѕвездената Флота како офицер за наука и прв офицер, работејќи под команда на капетани како Кристофер Пајк, Џејмс Т. Кирк, неговото искуство, логика и храброст, му помогнале да стане еден од најценетите личности на неговото време.

Неговото целосно име е неизговорливо за припадниците на човечката раса и затоа го викаат само Спок. Тој е роден во 2232 година на планетата Вулкан, од мајка припадник на човечката раса, инаку наставничка во училиште и татко вулканец, инаку научник и дипломат.

Неговите родители биле свесни за потешкотиите што би ги имал Спок за време на животот на татковата планета, меѓу другите вулканци, знаеле дека човечката половина во него нема никогаш вистински да се адаптира.

Наспроти посветување на Вулканската Научна Академија, тој изрази желба за Ѕвездената Флота, што доведе до прекин на комуникација во време од 11 години со неговите родители.

Работата како офицер за Ѕвездената Флота ја започна во 2250 година, а четири години подоцна добива задача на USS Enterprise, на чело со капетанот Пајк.

Во 2265 година, кога командата на Enterprise ја превзема Кирк, Спок му помага да открие предавник ( TOS епизодата "Where No Man Has Gone Before") и така Кирк ја здобива довербата во Спок, по што го назначува за Прв офицер. Оттогаш, Спок и Кирк, заедно и храбро ги преминуваат сите препреки кои им го попречуваат патот. За време на службата, Спок и останатиот дел од екипажот беа први од Ѕвездената Флота што оствариле визуелен контакт со Ромуланците.

Спок и екипажот биле напаѓани, заробувани, а тој помагал, скоро секогаш барајќи го најлогичниот излез од ситуацијата.

По завршување на 5-годишната мисија на USS Enterprise, Спок се враќа на Вулкан. Поради одредени ситуации за време на мисијата, во кои тој видно покажува емоции, решава да се подложи себеси на ритуал со чија помош ќе ги избрише последните емотивни траги од себе. Но Спок во последен момент се предомислува и се враќа во Ѕвездената Флота од професионални и лични причини.

За време на една мисија во 2285 година, Спок го жртвува својот живот поправајќи ги плазма спроводниците на USS Enterprise, со цел да го спаси екипажот. На погребот, неговото тело беше испукано во торпедо-капсула во вселената. Ковчегот ќе падне на Генезис Планетата, на која радијацијата ќе предизвика оживување на телото на Спок. Откако Кирк ќе го дознае ова, веднаш ќе замине на лична мисија-да ги соедини телото и душата на Спок. Мисијата заврши успешно.

Подоцна, на една конференција, Спок предлага помирување меѓу Федерацијата и Клингонската Империја. Идејата за алијанса нема да биде прифатена, поради владеење на општото мислење за Клингонците за брутални одметници, кои прават се само за ширење на нивната империја.

Подоцнешните години Спок ги поминува како Амбасадор за Федерацијата во Ромулус, работејќи на подобрување на Вулканско-Ромуланските односи.

 
автор: Бојан Николов @ 10/09/2007 10:51:00 AM | 6 коментар(и)