Tuesday, October 09, 2007
Спок е мешавина од двете раси, тој припаѓа и на човечката и на вулканската. За време на неговата служба во Ѕвездената Флота како офицер за наука и прв офицер, работејќи под команда на капетани како Кристофер Пајк, Џејмс Т. Кирк, неговото искуство, логика и храброст, му помогнале да стане еден од најценетите личности на неговото време.

Неговото целосно име е неизговорливо за припадниците на човечката раса и затоа го викаат само Спок. Тој е роден во 2232 година на планетата Вулкан, од мајка припадник на човечката раса, инаку наставничка во училиште и татко вулканец, инаку научник и дипломат.

Неговите родители биле свесни за потешкотиите што би ги имал Спок за време на животот на татковата планета, меѓу другите вулканци, знаеле дека човечката половина во него нема никогаш вистински да се адаптира.

Наспроти посветување на Вулканската Научна Академија, тој изрази желба за Ѕвездената Флота, што доведе до прекин на комуникација во време од 11 години со неговите родители.

Работата како офицер за Ѕвездената Флота ја започна во 2250 година, а четири години подоцна добива задача на USS Enterprise, на чело со капетанот Пајк.

Во 2265 година, кога командата на Enterprise ја превзема Кирк, Спок му помага да открие предавник ( TOS епизодата "Where No Man Has Gone Before") и така Кирк ја здобива довербата во Спок, по што го назначува за Прв офицер. Оттогаш, Спок и Кирк, заедно и храбро ги преминуваат сите препреки кои им го попречуваат патот. За време на службата, Спок и останатиот дел од екипажот беа први од Ѕвездената Флота што оствариле визуелен контакт со Ромуланците.

Спок и екипажот биле напаѓани, заробувани, а тој помагал, скоро секогаш барајќи го најлогичниот излез од ситуацијата.

По завршување на 5-годишната мисија на USS Enterprise, Спок се враќа на Вулкан. Поради одредени ситуации за време на мисијата, во кои тој видно покажува емоции, решава да се подложи себеси на ритуал со чија помош ќе ги избрише последните емотивни траги од себе. Но Спок во последен момент се предомислува и се враќа во Ѕвездената Флота од професионални и лични причини.

За време на една мисија во 2285 година, Спок го жртвува својот живот поправајќи ги плазма спроводниците на USS Enterprise, со цел да го спаси екипажот. На погребот, неговото тело беше испукано во торпедо-капсула во вселената. Ковчегот ќе падне на Генезис Планетата, на која радијацијата ќе предизвика оживување на телото на Спок. Откако Кирк ќе го дознае ова, веднаш ќе замине на лична мисија-да ги соедини телото и душата на Спок. Мисијата заврши успешно.

Подоцна, на една конференција, Спок предлага помирување меѓу Федерацијата и Клингонската Империја. Идејата за алијанса нема да биде прифатена, поради владеење на општото мислење за Клингонците за брутални одметници, кои прават се само за ширење на нивната империја.

Подоцнешните години Спок ги поминува како Амбасадор за Федерацијата во Ромулус, работејќи на подобрување на Вулканско-Ромуланските односи.

 
автор: Бојан Николов @ 10/09/2007 10:51:00 AM |


6 Comments:


At 1:11 PM, October 09, 2007, Blogger Old Skool English

брао бе Ивана некој да пише добра статија за некој.
имаш 5 у дневник од мене за ова :D

 

At 3:47 PM, October 10, 2007, Blogger Old Skool English

епа брао за сите у твојот тим
(а како да бидам и јас за да биде и брао и за мене :D)

 

At 11:53 PM, October 12, 2007, Blogger Ivana

Фала, фала...I'm glad u liked it :)

 

At 1:57 AM, October 13, 2007, Blogger freestyle

иначе повеќе е браво шо ти текнало да напишиш, повеќе од две години и на никој не му текнало за СПОК да напише, срамот.......

 

At 12:30 PM, October 18, 2007, Anonymous Ivana

Верувале или не, напишано е пред 1 месец,ама се чуваше за посебни прилики :))