Monday, July 28, 2008
Како што се шпекулираше, Cryptic Studios (фирма која стои зад неколку помали MMORPG игри) официјално го превзема проектот Star Trek Online, MMORPG игра која се најавува веќе четири години и чиј развој претрпе неколку неуспеси. На новиот сајт, има и тајмер кој одбројува до големата Star Trek конвенција во Лас Вегас која ќе се случи на 10 август годинава, каде што се очекуваат новости околу играва.

На сајтот има неколку нови скриншоти од играта, како и некои информации. Дејствието ќе се одвива во 25 век, најавени се две фракции - Федерацијата и Клингонската Империја, а на форумите се спомнуваат бродови од периодот на TNG, DS9 и VOY.

Играта е сеуште во рана фаза на развој, нема потврдено датум на излегување, па најверојатно ќе треба да почекаме уште година-две.
 
автор: Бојан Николов @ 7/28/2008 08:46:00 PM |


3 Comments:


At 3:59 PM, July 30, 2008, Blogger freestyle

почна да ми се смачува од чекање, иначе вчера си а преснимав Бриџ Командер, и веруам ваа недела ќе а превртам по пети пат :) ...
И дај да се собереме екипа некоја Стар Трек Легаси да си играјме, дет меч да прајме или слично, јако е у мултиплејер :)

 

At 4:01 PM, July 30, 2008, Blogger freestyle

This comment has been removed by the author.

 

At 3:48 PM, September 04, 2008, Anonymous Anonymous

ја стварно незнам како можете да ги гледате оваквите наркоманско/трансерски серии,утопија,сите добри,нема пари,све е тоа направено намерно за да луѓево почнат да се дрогираат и да пропаднат.срам ве било како американци сте....