Tuesday, July 22, 2008
По неколку месеци следење на развојот на новиот Star Trek филм, почнувам да мислам дека ова е една од најлошите идеи во историјата на филмот. Единствено нешто што би можело да му парира на ова, е римејк на Star Wars или Raiders of the Lost Ark. Знам дека веста за снимање на нов Star Trek филм возбуди многу фанови (ете, и мене) ширум светот, но ајде да бидеме реални. Колку навистина сакаат да видат други актери на местата на Кирк, Спок и останатиот екипаж? Star Trek не е James Bond, па дури и некој навистина да се потруди - нема да може ни да му се доближи на Вилијам Шетнер.

Се плашам дека и Star Trek го однесе виорот на римјеци и лоши продолженија, кој изминативе години е некаков тренд или нешто. Како веќе да нема оргинални идеи, се е веќе преџвакување на нешто што веќе е познато.

Star Trek секогаш сум го гледал како нешто што оди и треба да оди напред. Веќе видовме како функционирале работите пред капетанот Кирк, во Enterprise. Серијата колку и да беше океј, сепак имаше граници кои не смееше да ги помине, па затоа на пример, имаше раси кои мистериозно беа исчезнати во другите серијали. И ете, повторно, оди назад, и со актери кои ги носат имињата, униформите и дел од историјата на оние кои го калеа СФ жанрот.

Дали некој ги виде постерите? Освен тоа што Закари Квинто ги има ушите, дали нешто друго потсеќа на Star Trek што сите го сакаме?

Веројатно, најдобрата идеја ќе беше да се остави Star Trek во мирување бар уште некоја година. Да се пронајде навистина добра причина (освен парите) за повторно враќање, па макар било и Enterprise мини-серија или direct-to-video филм. Ете, нека е и со нов екипаж. Ги видовме веќе авантурите на Кирк, и барем јас сакам да ги памтам така како што се.

Нема врска ако Леонард Нимој се враќа како Спок. Нека се врати и Шетнер како Кирк - џабе. Се додека Сајмон Пег е Скоти, ништо не правиме. Сајмон Пег е одличен актер, но е далеку од добар избор за Скоти.

Нешто што повеќе ме плаши од новиот Star Trek филм, е серијата која би можела да настане од евентуалниот успех на филмот. А, што се однесува до мене, јас ќе се потрудам да го скокнам ова...

(текстот е оргинално објавен на Crapwerk)

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 7/22/2008 02:25:00 PM |


6 Comments:


At 2:48 PM, July 22, 2008, Anonymous Злочко

Бре негативец. Понекогаш таквите римејци знаат да изненадат. Јас ги делам истите чувства за Бетмен, како ти за Стар Трек, па еве.. иако новиот филм го дочекав на нож (сеуште го немам гледано), сепак критиките за него се изненадувачки добри.
Впрочем, новиот бетмен, стар трек, супер мен и останатите не се прават за мене и тебе, туку за новите генерации.

 

At 2:53 PM, July 22, 2008, Blogger Бојан Николов

Главната поента ми беше дека неможеш да ставиш други актери да ги глумат Кирк, Спок, Скоти.. Ајде, стај друг Пикард да го глуми. :)

За стрипови е друго, пример Бетмен/Брус Вејн е многу повеќе од Мајкл Китон. :)

 

At 6:47 PM, July 23, 2008, Anonymous Anonymous

Lele imam pretcustvo deka ke ispadne golema katastrofa

 

At 8:30 PM, July 23, 2008, Blogger freestyle

мене повеќе ме стра од сценариото, да не упропастат нешто, да не го сменат стилот на стар трек само колку да добијат популарност од новите генерации... ако го направат љубовна драма сите ќе ги испозаколам таму ;)

 

At 1:30 PM, July 27, 2008, Blogger Ивана

Некако овој новиов Кирк не ми го бива на фаца, а за улогата ќе видиме понатаму. Другиве можам само да кажам дека се ок.
Поголемите фанови од знам дека се разочарани, ама ко што тргнало со римејци на стари филмови/серии мислам дека не чекаат уште многу разочарувања за нови филмски осварувања.

 

At 12:17 PM, May 11, 2009, Blogger Elena

Nemzam da poveruvam koooolku gluposti se iznachitav vo tvojov post, jas imam samo edno da te prasham, dali ti NAVISTIN si Star Trek fan??? Poshto ni od daleku ne mi izgleda taka.