Thursday, August 28, 2008
Епизодите со патување низ времето, алтернативни реалности или паралелни универзуми секогаш ми биле драги во сите СФ филмови и серии. Без разлика колку не биле научно издржани, па дури и апсурдни, секогаш успевале да бидат забавни. А, и онака ретко барам научни објаснувања во фикција. Star Trek има одлични приказни за патување низ времето, некои од најдобрите се од TOS.

Во "Tomorrow Is Yesterday", Enterprise е инцидентно е вратен назад во времето, во 1969 година. Навлезен во најгорните делови од Земјината атмосфера, фатен е од радар од Американската армија и забележан како НЛО. Армијата праќа пилот кој треба да го идентификува Enterprise кој ненамерно го уништува авионот, при што пилотот Џон Кристофер е транспортиран на бродот. Тука екипажот е соочен со проблем кој би можел да ја загрози и "сегашноста" од каде што доаѓаат, доколку инцидентот со Џон Кристофер го измени текот на историјата.

Тука за првпат се појавува и финтата со која патуваат низ времето. Спок предлага решение со кое Ентерпрајз летајќи кон Сонцето и користејќи ја неговата гравитација, ќе создаде искривување на времето и ќе може да се врати кратко време пред Ентерпрајз да биде забележан од од радарот и потоа нагло да се фрли во нивната сегашност. Теорија за која долго може да се дебатира, но да го оставиме тоа за некоја друга прилика.

Некако ми тргна со епизодиве од прва сезона. За следниот пат ќе гледам да има нешто од втора и трета со Клингонците.
 
автор: Бојан Николов @ 8/28/2008 03:13:00 AM | 6 коментар(и)
Tuesday, August 26, 2008
Како суплемент на кратката рецензија на TOS епизодата "Arena", еве еден стрип кој би го препорачал на сите Star Trek и стрип фанови. Стрипов е епизодата од TNG која за жал никогаш не ја видовме, а нема ни да ја видиме. Не ми е јасно зошто не ги вметнаа Горните во TNG, сега гледам колку се всушност одлична раса со кои може да се направи добра приказна. Со мали измени и поместување неколку години назад, приказнава од The Gorn Crisis одлично би можела да се вклопи во серијалот.

Капетанот Пикард и Enterprise-E, за време на Доминионската Војна се обидуваат да договорат алијанса со Горните, додека самите Горни се среде граѓанска војна. Пикард е заробен, Дата ја превзема командата, а Рајкер треба да соработува со група диви Клингонци при реставрирање на борбена тврдина.

Приказната се протега низ 90 страни, но брзо се чита. Можам да кажам дека ова е еден од најдобрите Star Trek стрипови кои сум ги прочитал до сега. Цртањето иако е феноменално, на почетокот е малку чудно. Не сум баш навикнат на вакво цртање, иако ликовите изгледаат веродостојно и скоро исто како што ги знаеме. А, последните неколку страници се мал додаток со податоци во врска со Горн расата.

Star Trek The Next Generation: The Gorn Crisis е издаден во 2001 година од WildStorm Comics кои во својот каталог имаат голем број на Star Trek стрипови.

Доколку некој го сака ова во електронска верзија, може да го превземе од овој линк. Тежи десетина мегабајти. Ако има заинтересираност, наскоро би следеле уште Star Trek стрипови.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 8/26/2008 03:00:00 PM | 0 коментар(и)
Monday, August 25, 2008
Направив банерчиња кои може да си ги ставите на вашиот блог, сајт, MySpace профил и секаде онаму каде што е дозволен HTML. За почеток еве неколку, а наскоро ќе има уште.

За да ги ставите банерчињата онаму кај што сакате, само ископирајте го HTML кодот од тука во кодот на вашиот сајт и сл.











 
автор: Бојан Николов @ 8/25/2008 06:21:00 PM | 0 коментар(и)
Saturday, August 23, 2008
Уште една култна епизода од првата сезона, која подоцна ќе послужи како основа за еден од најдобрите Star Trek долгометражни филмови, Star Trek: The Wrath of Khan, како и неколку епизоди од Enterprise серијалот.

Екипажот на Enterprise NCC-1701 наоѓа мало вселенско летало, изградено со комори за спиење каде што наоѓаат 72 генетски подобрени луѓе, Аугменти, кои "спијат" патувајќи низ вселената од деведесетите години на дваесетиот век кога биле учесници во големите Евгенетски војни. Докторот МекКој успева да разбуди еден од нив, Кан Нуниен Синг, за кој подоцна дознаваат дека бил еден од најголемите агресори за време на војните и успеал да покори една четвртина од Земјата. Кан ја заведува Марла МекГајверс, историчар на бродот, па со нејзина помош (а со другите разбудени Аугменти) успева да го превземе целиот Ентерпрајз и се заканува дека ќе го убие екипажот доколку не му се придружат за повторно покорување на човештвото.

Кан е одличен негативец, еден од најдобрите што се појавуваат во целиот серијал и баш ме чуди зошто чекале толку долго (до филмот) за да ја продолжат приказната.

Инаку, епизодава има еден посебен незаборавен момент, сцената на крајот кога Кирк се бори со Кан - дублерот на Вилијам Шетнер што не личи ни малку на него, а сепак го има во целата сцена и тоа во кадри каде што е смешно од што е јасно дека не е Шетнер. Priceless.
 
автор: Бојан Николов @ 8/23/2008 05:26:00 PM | 3 коментар(и)
Wednesday, August 20, 2008
Деновиве решив да седнам и да гледам селектирани епизоди од The Original Series, онака релаксирано, некако не ми се гледаа отпочеток а и немам баш многу време. Веќе ги имам гледано еднаш и сега сакам да ги изгледам епизодите што ми оставиле најголем впечаток. За некои и нив, ќе пишувам и кратки анализи на МакТрек.

"Arena" е осумнаесетата епизода од прва сезона, една од најдобрите епизоди од сезоната и воопшто целата серија. Токму оваа епизода ги содржи скоро сите елементи кои ја прават оргиналната серија тоа што е. Впрочем, целата магија и убавина на TOS се базира на силната морална порака, евтините ефекти, просечната глума и единството на екипажот на Enterprise. Не се потребни скапи ефекти и пренапумпана акција за да се пренесе искрена порака и да се спакува во забавни 5о-тина минути.

Во "Arena", екипажот на Еnterprise e нападнат од Горнски брод. По кратка брканица, супер-интелегентна омнипотентна раса нарачена Метрони го транспортираат Кирк на пуста планета, каде што е приморан да се бори со капетанот на бродот на Горнскиот брод, раса на интелегентни хуманоидни рептили, прилично снажни и спори и со лоши гумени костими. Горнот е многу посилен од Кирк, што значи овој треба да најде некакво оружје за да го победи, а планетата освен неколку суви дрвца, изобилува со карпи и минерали кои на крај ќе испаднат многу покорисни отколку што изгледа.

Култна епизода, една од најкритикуваните Star Trek епизоди, најмногу поради изгледот на Горнот, често исмеван и од фанови и од други. Сепак, "Arena" и покрај тоа што е слабо технички поткована (имајте го во предвид нискиот буџет), е една од најдобрите Star Trek епизоди.
 
автор: Бојан Николов @ 8/20/2008 07:30:00 PM | 6 коментар(и)
Tuesday, August 12, 2008
Очигледно е дека откако Cryptic Studios ја превземаа MMORPG играта Star Trek Online, интензивно се работи на нејзиното развивање и промовирање. Деновиве се појави нов трејлер со видеа од самиот гејмплеј (не само анимација за промотивни цели или сл.), борби во вселената како и интеракцијата на самите ликови со околината.

Датум сеуште нема, но ако работите продолжат да се одвиваат со ваков интензитет, веројатно би бил објавен наскоро. Трејлерот го има во неколку верзии, кои можат да се погледнат на овој линк.
 
автор: Бојан Николов @ 8/12/2008 01:13:00 PM | 2 коментар(и)
Sunday, August 10, 2008
Мислам дека во еден од претходните постови, бев доволно јасен околу моето мислење за новиот Star Trek филм. Денеска се појавија четири нови постери (кои ја комплетираат сложувалката лево, кликни за поголема верзија) за филмов кои се делеле на овогодинешниот VegasCon. Ајде да бидеме реални, кој ги препозна ликовите на постерите? Така и си мислев. На постерите се Сулу, Скоти, МекКој и Чехов.

Ете уште една работа ми ја докажа поентата дека новиот Star Trek филм е лоша идеја. Можеа бар да одат со Пол МекГилион како Скоти колку да не биде ептен катастрофален кастингот.

Патем, има нови скриншоти од Star Trek Online, ќе ги објавам кога ќе ги има со подобар квалитет, сега за сега клик тука.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 8/10/2008 07:28:00 PM | 2 коментар(и)
Saturday, August 09, 2008
Станува збор аудио верзија на книгата за враќањето на капетанот Кирк, напишана и читана од Вилијам Шетнер. Книгата е оргинално издадена во 1996 година и е една од најмаркантните Star Trek книги кои досега биле објавени. Имено, The Return ги следи настаните што се случуваат во филмот Star Trek: Generations, по смртта на Кирк и нешто пред настаните во Star Trek: First Contact.

Интересно е да се спомне дека Шетнер имал идеја враќањето на Кирк да биде вметнато во следниот Star Trek филм по Generations, но продуцентите сепак одлучиле да продолжат со филм кој ќе го содржи само екипажот на капетанот Пикард.

Аудио верзијата трае околу два и пол часа и на овој линк може да се превземе во mp3 формат. Постои и втор дел наречен Avenger, но за тоа во некоја друга прилика.
 
автор: Бојан Николов @ 8/09/2008 08:07:00 PM | 2 коментар(и)