Wednesday, August 20, 2008
Деновиве решив да седнам и да гледам селектирани епизоди од The Original Series, онака релаксирано, некако не ми се гледаа отпочеток а и немам баш многу време. Веќе ги имам гледано еднаш и сега сакам да ги изгледам епизодите што ми оставиле најголем впечаток. За некои и нив, ќе пишувам и кратки анализи на МакТрек.

"Arena" е осумнаесетата епизода од прва сезона, една од најдобрите епизоди од сезоната и воопшто целата серија. Токму оваа епизода ги содржи скоро сите елементи кои ја прават оргиналната серија тоа што е. Впрочем, целата магија и убавина на TOS се базира на силната морална порака, евтините ефекти, просечната глума и единството на екипажот на Enterprise. Не се потребни скапи ефекти и пренапумпана акција за да се пренесе искрена порака и да се спакува во забавни 5о-тина минути.

Во "Arena", екипажот на Еnterprise e нападнат од Горнски брод. По кратка брканица, супер-интелегентна омнипотентна раса нарачена Метрони го транспортираат Кирк на пуста планета, каде што е приморан да се бори со капетанот на бродот на Горнскиот брод, раса на интелегентни хуманоидни рептили, прилично снажни и спори и со лоши гумени костими. Горнот е многу посилен од Кирк, што значи овој треба да најде некакво оружје за да го победи, а планетата освен неколку суви дрвца, изобилува со карпи и минерали кои на крај ќе испаднат многу покорисни отколку што изгледа.

Култна епизода, една од најкритикуваните Star Trek епизоди, најмногу поради изгледот на Горнот, често исмеван и од фанови и од други. Сепак, "Arena" и покрај тоа што е слабо технички поткована (имајте го во предвид нискиот буџет), е една од најдобрите Star Trek епизоди.
 
автор: Бојан Николов @ 8/20/2008 07:30:00 PM |


6 Comments:


At 9:02 PM, August 20, 2008, Blogger Tigar

Поштовање за блогов, поштовање за Star Trek и остало....

А да постиравте некои корисни линкови да можевме до брзо симнување на целиот Star Trek серијал.

До сега, се што сум успеал да најдам биле спори торенти.

Поздрав

 

At 12:38 AM, August 21, 2008, Blogger freestyle

има добри торенти за симнување на DS9 , за останатото потешко... за торентите за DS9 мејл ми....

 

At 2:47 AM, August 22, 2008, Blogger Tigar

Ја циљав на TNG, ама и DS9 ќе завршат работа :)

Фала у секој случај.

 

At 4:18 AM, August 22, 2008, Anonymous Anonymous

Dali go sledite razvojot na Star Trek Online?Kako vi izgleda?

 

At 6:16 PM, August 22, 2008, Anonymous Tigar

Малку надвор од темава...

До администраторот:

Имаш мал пропуст кај секцијата "Раси" поточно кај расите Ferengi и Jem'Hadar. Ист линк е поставен за двете раcи - линкот за Fegengi.

Со кликање на било која од двете линкот носи кон Ferengi.

Поздрав

 

At 6:38 PM, August 22, 2008, Blogger Бојан Николов

Фала за забелешката. Очигледно сум направил мал пропуст при ре-дизајнот. :)

Поздрав.

Инаку, да. Ќе има пост за Star Trek On-Line.