Saturday, August 23, 2008
Уште една култна епизода од првата сезона, која подоцна ќе послужи како основа за еден од најдобрите Star Trek долгометражни филмови, Star Trek: The Wrath of Khan, како и неколку епизоди од Enterprise серијалот.

Екипажот на Enterprise NCC-1701 наоѓа мало вселенско летало, изградено со комори за спиење каде што наоѓаат 72 генетски подобрени луѓе, Аугменти, кои "спијат" патувајќи низ вселената од деведесетите години на дваесетиот век кога биле учесници во големите Евгенетски војни. Докторот МекКој успева да разбуди еден од нив, Кан Нуниен Синг, за кој подоцна дознаваат дека бил еден од најголемите агресори за време на војните и успеал да покори една четвртина од Земјата. Кан ја заведува Марла МекГајверс, историчар на бродот, па со нејзина помош (а со другите разбудени Аугменти) успева да го превземе целиот Ентерпрајз и се заканува дека ќе го убие екипажот доколку не му се придружат за повторно покорување на човештвото.

Кан е одличен негативец, еден од најдобрите што се појавуваат во целиот серијал и баш ме чуди зошто чекале толку долго (до филмот) за да ја продолжат приказната.

Инаку, епизодава има еден посебен незаборавен момент, сцената на крајот кога Кирк се бори со Кан - дублерот на Вилијам Шетнер што не личи ни малку на него, а сепак го има во целата сцена и тоа во кадри каде што е смешно од што е јасно дека не е Шетнер. Priceless.
 
автор: Бојан Николов @ 8/23/2008 05:26:00 PM |


3 Comments:


At 5:53 PM, August 23, 2008, Blogger Nathan Summers

Кааааааааааааааааааааааан

 

At 10:30 PM, August 23, 2008, Anonymous Anonymous

Vrakjanje na korenite,a Sinne? :) Ako,ako.

 

At 5:55 PM, October 27, 2008, Anonymous Anonymous

Имав можност да ги следам епизодиве како дете потоа добив шанаса,да ги изгледам сите значи сите можни и неможни епизоди од стар треак и пилотите ги имама гледано и ги имам сите на двд не сум фан но ги имама како и многу други можам само да кажам дека од сезона во сезона епизодите стануваа по досадни и по досадни во продолженијата имаше многу работи что беа преземани од првобитните епизоди!!! сакам да кажам дека на стар треак како да му помина времето не ми земајте за зло но сепак тоа е само мое мислење, И овие штосе фанепизодиве снимани од фанови на стартреак кадечто тие играат главни улоги и по некој од глумците од оргиналните серии мислам дека од тоа подолно неможеа да отидат стартреак со почит Сашо