Thursday, August 28, 2008
Епизодите со патување низ времето, алтернативни реалности или паралелни универзуми секогаш ми биле драги во сите СФ филмови и серии. Без разлика колку не биле научно издржани, па дури и апсурдни, секогаш успевале да бидат забавни. А, и онака ретко барам научни објаснувања во фикција. Star Trek има одлични приказни за патување низ времето, некои од најдобрите се од TOS.

Во "Tomorrow Is Yesterday", Enterprise е инцидентно е вратен назад во времето, во 1969 година. Навлезен во најгорните делови од Земјината атмосфера, фатен е од радар од Американската армија и забележан како НЛО. Армијата праќа пилот кој треба да го идентификува Enterprise кој ненамерно го уништува авионот, при што пилотот Џон Кристофер е транспортиран на бродот. Тука екипажот е соочен со проблем кој би можел да ја загрози и "сегашноста" од каде што доаѓаат, доколку инцидентот со Џон Кристофер го измени текот на историјата.

Тука за првпат се појавува и финтата со која патуваат низ времето. Спок предлага решение со кое Ентерпрајз летајќи кон Сонцето и користејќи ја неговата гравитација, ќе создаде искривување на времето и ќе може да се врати кратко време пред Ентерпрајз да биде забележан од од радарот и потоа нагло да се фрли во нивната сегашност. Теорија за која долго може да се дебатира, но да го оставиме тоа за некоја друга прилика.

Некако ми тргна со епизодиве од прва сезона. За следниот пат ќе гледам да има нешто од втора и трета со Клингонците.
 
автор: Бојан Николов @ 8/28/2008 03:13:00 AM |


6 Comments:


At 12:58 AM, August 30, 2008, Blogger freestyle

си размислувал ли некогаш да се собериме неколку Стар Трек фанови од македонија и да преведиме една збирка на стрипови и да се издадат...!? :?

 

At 2:44 AM, August 30, 2008, Blogger Бојан Николов

Искрено, не. Не верувам дека би нашле доволно пари за да би платиле авторски права. Дури и да се најде, нема да има кој да ги чита.

Во Македонија нема стрип публика.

 

At 11:06 AM, September 03, 2008, Blogger kapsarovB

Off topic: Dali mozebi gi ima nekoj od Mak Trek ekipata da mi pozajmi kopii od DS9 serijalot deka uste toj mi ostana ne izgledan (za zal se mrazam radi toa), no sega mi se rodi zelbata ocajno da go gledam posle dosta procitani recenzii za nego bi mu bil BLAGODAREN, normalno deka ke dobie DVD-a vo zamena ili prostor za dogovor...
Fala i pozdrav

kapsarovb@mail.net.mk

 

At 11:54 AM, September 03, 2008, Blogger kapsarovB

Off Topic: Дали може, има шанси да добијам двд копии од сериите DS9 дека уште таа ми фали да си ја изгледам комплет.
Фала и благодарам однапред...

 

At 1:32 PM, September 03, 2008, Blogger Бојан Николов

Може да се договориме некако. Малку сум кнап со време периодов, ама ќе напраиме некако. :)

 

At 9:18 AM, September 07, 2008, Blogger kapsarovB

Samo bi te zamolil da iskontaktirame so telefonce i e-mail adresa za da se organizirame..