Monday, September 08, 2008
Пред точно 42 години, на денешен ден е прикажана првата епизода од оргиналната серија, "The Man Trap". Епизода која го лансираше Ентерпрајз на телевизиските екрани и создаде феномен кој живее и денес, поддржуван од милиони фанови насекаде низ светот. Се сменија многу работи, но суштината на Star Trek и визијата на Џин Роденбери останаа исти.

На TrekMovie.com има интересни видеа од почетоците на Star Trek, па доколку некој сака да ги погледне, еве и линк.

Деновиве читав стари постови објавувани на МакТрек и сфатив колку од нив делуваат излитено, како да им поминал рокот. Дефинитвно е потребно мало освежување на некои статии, како на пример оние за оргиналната серија или Enterprise, дел од статиите за технологијата, расите и еден куп други. Ако ми дозволи слободното време, би требало периодов што следи да објавам барем нова статија за Star Trek: The Original Series, додека старата ќе си остане во архивите. Исто така, фалат некои раси што би сакал да ги има, па ќе се потрудам и околу тоа.

Сакам да ги вратам и анкетите што одеа секоја недела пред некои три години, а доколку има заинтересираност, би се отворил и нов форум.
 
автор: Бојан Николов @ 9/08/2008 05:35:00 PM |


3 Comments:


At 3:43 PM, September 09, 2008, Blogger freestyle

ај нека се множат годините... ;)

 

At 11:43 AM, September 11, 2008, Anonymous Anonymous

Има заинтересираност и за форум и за анкети!!

 

At 8:58 AM, September 12, 2008, Blogger Љубиша Сулимановиќ

почни форум. сети се што рекол Џим Морисон: "If you book them, they will come"