Wednesday, September 03, 2008
Интересен стрип кој ги прикажува случувањата на екипажот на Enterprise NCC-1701 за време на четвртата година од легендарната петгодишна мисија. Во оргиналната серија ги видовме првите три години, а во анимираната серија останатите две. Star Trek Year Four е мал мини-серијал од само шест броја издадени во 2007 од IDW Publishing, а оваа година почна да излегува и продолжението - Year Four: The Enterprise Experiment.

Од неколкуте Star Trek TOS стрипови што ги имам прочитано, мислам дека овој е најблизок со серијата. Интеракцијата меѓу ликовите, приказните, па дури и околината е таква, каква што дозволувале тогашните сетови да биде. Единствено не ми се допаѓа што ги има Arex и M'Ress, ликови кои се дел од екипажот во анимираната серија. Детски и смешни ликови кои сум сигурен дека продуцентите ги вметнале само колку да ја направат серијата пошарена и понаивна за деца.

Импресониран сум од Star Trek стриповите на IDW. Цртањето и пишувањето е одлично, ликовите личат на актерите, а сценаријата иако се стриповски, суштински се блиски со серијата. Ги има сите моменти што се битен дел од серијата и ликовите. Има физичка пресметка на Кирк со вонземјанин, логиката на Спок, "He's dead Jim", членови на екипажот со црвени униформи кои гинат лесно и непријатели кои се многу слични на оние од серијата. Во еден број дури си прават блага пародија и сами на себе. На кратко, авторите ја користат формулата по која е правена серијата и ги склопуваат овие фини шест броја. Инаку, секој број на Year Four е издаден со три различни насловни страни.

Екипата што стои зад Star Trek Year Four е речиси истата од Star Trek TNG: Тhe Space Between, уште еден одличен стрип мини-серијал на IDW за кој наскоро ќе следи рецензија. Периодов сум многу повеќе загреан за TOS, па затоа повеќе на тоа ќе обрнувам внимание на МакТрек.

Нормално, за секоја рецензија на стрип ќе следат и линкови од каде што ќе може да се превземат во електронска верзија. Подолу ги имате сите шест броеви на Star Trek Year Four во .cbr формат. Доколку ви е потребно програмче за да ги отворите, клик тука.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 9/03/2008 04:20:00 PM |


1 Comments:


At 1:56 PM, September 16, 2008, Blogger Azagthoth

Стрипов прилично ми се допадна со оглед на тоа што ова е прв ST стрип што го читам. Интересни цртежи и приказни, освен 4от дел кој воопшто не ми се допадна (воглавно поради Виденската цивилизација). Другите делови се многу поблиски до сериите и со оригинален ST дух. Sinne чекаме нови стрипови наскоро :)