Tuesday, October 28, 2008
Додека не најдам слободно време (читај: до наредната недела), ќе мора вака со сликиве и новостите за филмот. Денес се појавија уште нови слики од новиот број на магазинот Empire. Додека чекаме на трејлерот, погледнете ги.

За жал, и понатаму има такви што мислат дека ќе биде нешто од филмов. Мене веќе почна да ми делува и навредливо.


Кирк?


Спок?

Океј...

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 10/28/2008 09:28:00 PM | 3 коментар(и)
Saturday, October 18, 2008
Откако излегоа првите слики, се појавија и уште неколку други, објавени во новиот број на Entertainment Weekly. Иако мене ми изгледаат далеку од ветувачки, фановите ширум светот добро ги примија. Мене Спок не ми изгледа воопшто сериозно, а Кирк е премногу нежен за да ме убеди дека е капетан на Ентерпрајз. Остатокот е исто така промашен. Карл Урбан е МекКој? Хех.

Приказната е преполна со еден куп грешки. На пример, што бара Чехов на Ентерпрајз и во приказната пред првата мисија на бродот? Треба да е дете, премладо за Академијата а камоли за служба на Ентерпрајз.

Според информациите што деновиве се раширија, филмот треба да почне неколку години пред раѓањето на Кирк, со борбата помеѓу USS Kelvin (бродот што веќе го има на новиве слики) и Неро. Потоа продолжува со веќе видена приказна за патување низ времето, колку за да го видиме Леонард Нимој како Спок. А, што е со дизајнот? Сфаќам дека внатрешноста на Ентерпрајз неможе да изгледа како пред 40 години, но ова ми делува претерано. И, каде е жолтата униформа на Кирк?

Првиот комплетен трејлер треба да се појави со 007: Quantum of Solace во ноември, значи за помалку од месец. Во никој случај нема да ми го смени мислењето на подобро, како и да е.

Очекувам успехот на филмот да биде заснован на агресивната маркетинг кампања која треба да отпочне во јануари со нов приквел стрип, Star Trek: Countdown.

Инаку, во сајдбарот додадов ново мени каде што ќе ги ставам новостите за филмов. Во архивте може да се најдат уште куп други кои сметам дека не е потребно да се додаваат во менито, зошто филмот е веќе во пост-продукција.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 10/18/2008 10:20:00 AM | 1 коментар(и)
Thursday, October 16, 2008
Мислењето за Star Trek XI го кажав уште одамна и сеуште стојам зад секој напишан збор. Очекувам да биде катастрофа каква што досега се нема случено на Star Trek франшизата.

Како и да е, конечно се објавени неколку слики на кои може да ги видиме наследниците на оргиналната постава во соодветните униформи, ентериерот на Enterprise и негативецот Неро. Погледнете подолу.

Новиот стар екипаж.

Спок го дави Кирк?

Фенси, нели?

Ерик Бејна како Неро

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 10/16/2008 03:28:00 PM | 2 коментар(и)
Saturday, October 04, 2008
Првата епизода од втора сезона. Тука за првпат се дознава за Вулканската pon farr фаза, дел од животот на секој возрасен Вулканец, нешто што се јавува на секои седум години. Тоа е всушност Вулканскиот "период на парање". За време на pon farr, Вулканците се изложени на силен стрес кој може да заврши и смрт.

Вo оваа епизода Спок патува до планетата Вулкан кај што треба да се сретне со неговата жена T'Pring, која веќе има нов партнер. Спок е подложен на ритуалот koon-ut-kal-if-fee каде што треба да се бори до смрт за неговата жена која му е одредена во детството. Како негов противник е избран Кирк. Тука е сцената каде што Кирк и Спок се борат до смрт со традиционални вулкански оружја, проследена со музика која стана една од најпрепознатливите од оргиналната серија и Стар Трек воопшто. Исто така, култната сцена доживеа и неколку пародии во разни филмови и серии.

Во "Amok Time" првпат е прикажана планетата Вулкан и вулканските обичаи. Се појавува и старата вулканка T'Pau, како главна на церемонијата. Единствената вулканка која одбила да биде дел од Советот на Федерацијата. Можеби некој ја памти и од една епизода на Enterprise.

Епизодата има многу интересен завршеток. Изразот на лицето на Спок на крајот, никако неможе да ми излезе од глава. Инаку верувам дека повеќето ја памтите pon farr фазата на T'Pol во епизодата од Enterprise. :)
 
автор: Бојан Николов @ 10/04/2008 01:02:00 PM | 0 коментар(и)