Saturday, October 18, 2008
Откако излегоа првите слики, се појавија и уште неколку други, објавени во новиот број на Entertainment Weekly. Иако мене ми изгледаат далеку од ветувачки, фановите ширум светот добро ги примија. Мене Спок не ми изгледа воопшто сериозно, а Кирк е премногу нежен за да ме убеди дека е капетан на Ентерпрајз. Остатокот е исто така промашен. Карл Урбан е МекКој? Хех.

Приказната е преполна со еден куп грешки. На пример, што бара Чехов на Ентерпрајз и во приказната пред првата мисија на бродот? Треба да е дете, премладо за Академијата а камоли за служба на Ентерпрајз.

Според информациите што деновиве се раширија, филмот треба да почне неколку години пред раѓањето на Кирк, со борбата помеѓу USS Kelvin (бродот што веќе го има на новиве слики) и Неро. Потоа продолжува со веќе видена приказна за патување низ времето, колку за да го видиме Леонард Нимој како Спок. А, што е со дизајнот? Сфаќам дека внатрешноста на Ентерпрајз неможе да изгледа како пред 40 години, но ова ми делува претерано. И, каде е жолтата униформа на Кирк?

Првиот комплетен трејлер треба да се појави со 007: Quantum of Solace во ноември, значи за помалку од месец. Во никој случај нема да ми го смени мислењето на подобро, како и да е.

Очекувам успехот на филмот да биде заснован на агресивната маркетинг кампања која треба да отпочне во јануари со нов приквел стрип, Star Trek: Countdown.

Инаку, во сајдбарот додадов ново мени каде што ќе ги ставам новостите за филмов. Во архивте може да се најдат уште куп други кои сметам дека не е потребно да се додаваат во менито, зошто филмот е веќе во пост-продукција.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 10/18/2008 10:20:00 AM |


1 Comments:


At 2:47 PM, October 25, 2008, Blogger freestyle

нешто не дава Стар Трек шмек... :(