Saturday, October 04, 2008
Првата епизода од втора сезона. Тука за првпат се дознава за Вулканската pon farr фаза, дел од животот на секој возрасен Вулканец, нешто што се јавува на секои седум години. Тоа е всушност Вулканскиот "период на парање". За време на pon farr, Вулканците се изложени на силен стрес кој може да заврши и смрт.

Вo оваа епизода Спок патува до планетата Вулкан кај што треба да се сретне со неговата жена T'Pring, која веќе има нов партнер. Спок е подложен на ритуалот koon-ut-kal-if-fee каде што треба да се бори до смрт за неговата жена која му е одредена во детството. Како негов противник е избран Кирк. Тука е сцената каде што Кирк и Спок се борат до смрт со традиционални вулкански оружја, проследена со музика која стана една од најпрепознатливите од оргиналната серија и Стар Трек воопшто. Исто така, култната сцена доживеа и неколку пародии во разни филмови и серии.

Во "Amok Time" првпат е прикажана планетата Вулкан и вулканските обичаи. Се појавува и старата вулканка T'Pau, како главна на церемонијата. Единствената вулканка која одбила да биде дел од Советот на Федерацијата. Можеби некој ја памти и од една епизода на Enterprise.

Епизодата има многу интересен завршеток. Изразот на лицето на Спок на крајот, никако неможе да ми излезе од глава. Инаку верувам дека повеќето ја памтите pon farr фазата на T'Pol во епизодата од Enterprise. :)
 
автор: Бојан Николов @ 10/04/2008 01:02:00 PM |


0 Comments: