Tuesday, November 25, 2008
Еве и слика (заедно со видео) од стариот Спок во Star Trek XI. Веројатно единствената светла точка во кастингот. Иако Леонард Нимој е видно остарен, не се сомневам во неговите квалитети и изведбата на Спок. Во оваа улога се појавува после цели 17 години, од кога последен пат се појави во "Unification", двојна епизода од петтата сезона на Star Trek: The Next Generation.

За крај, верзијата на Star Trek XI трејлерот во кој се појавува Леонард Нимој како Спок.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 11/25/2008 08:46:00 PM | 3 коментар(и)
Saturday, November 22, 2008
Верувам дека сите сакаме добра приказна сместена во алтернативен универзум. IDW Publishing овој месец започна нов мини-серијал под името Star Trek: The Last Generation. Секогаш им се радувам на нови IDW Publishing Star Trek стрипови, бидејќи како што изминува времето стануваат се поинтересни и поинвентивни. Месецов заврши и Star Trek: Mirror Images за кој наскоро ќе го рецензирам и ќе биде проследен со линкови за симнување на петте броја.

The Last Generation почнува со алтернативна верзија на дејство од филмот Star Trek VI: The Undiscovered Country, каде што капетанот Кирк не успева да го спречи атентатот врз Претседателот на Федерацијата на Китомерската Конференција. Тоа доведува до војна со Клингонската Империја и уништување на Федерацијата. Дејството се поместува во времето на Жан-Лук Пикард каде што тој предводи мал отпор против Клингонците кои ја имаат освоено Земјата.

Првиов број е само почеток, почнува ептен интересно и едвај ги чекам новите броеви. Може да се превземе од овој линк. До тогаш, погледнете ги стриповите кои веќе беа рецензирани на МакТрек, Star Trek TNG: The Gorn Crisis и Star Trek: Year Four.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 11/22/2008 11:56:00 AM | 3 коментар(и)
Wednesday, November 19, 2008
Ми се чини дека во повеќе наврати имам спомнато за Star Trek: New Voyages. Станува збор за популарната серија направена од фанови која ја продолжува тригодишната мисија на капетанот Кирк. Ги имам гледано првите епизоди и не се толку лоши, со оглед на тоа што се правени со минимален буџет и екипа создадена од ентузијасти кои не се занимаваат професионално со глума.

Луѓето зад New Voyages дури успеаа да вратат дел од старите ликови од оргиналната серија како гости, веќе ги имаа Валтер Кониг како Чехов и Џорџ Такеи како Сулу а гостуваше и Денис Крозби (Таша Јар). Епизодите се достапни за бесплатно симнување од официјалниот сајт. Од пред некое време името од New Voyages го сменија во Phase II. Незнам зошто, New Voyages беше многу пооргинално.

Она што повторно ми го сврте вниманието кон серијава, беше вчерашниот текст на TrekMovie. На серијата ќе и се приклучи нов актер како Спок, и тоа тип што неверојатно многу личи на Закари Квинто а ќе има и нова епизода наскоро. Добра вест, бидејќи типот што досега го глумеше Спок беше прилично лош. Сепак, се трудам да не сум премногу строг бидејќи сепак се работи за фан-серија, а не за абоминација која прети да го закопа Star Trek уште толку.

Интересно е да се погледне, во секој случај. Имам гледано повеќе вакви фан-серии и можам да кажам дека оваа е најквалитетната.

Star Trek: Phase II инаку е името на официјалното продолжение на оргиналната серија. Повеќе за тоа - тука.
 
автор: Бојан Николов @ 11/19/2008 07:32:00 PM | 0 коментар(и)
Saturday, November 15, 2008
Иако трејлерот официјално излегува во понеделник, веќе се појави на Интернет. Се работи за верзија со послаб квалитет бидејќи е кино-снимка, но во понеделник и на официјалниот сајт на филмот ќе го има во HD верзија. Ќе следи апдејт тогаш.

Не открива многу, но може да се види дека Star Trek XI ќе биде пренатрупан со специјални ефекти, промашени актери и детството на Кирк. Воопшто не сум импресиониран. Тоа што го видов од Спок и Кирк изгледа очајно. Сепак, проверете сами.

UPDATE: Веќе го има во HD верзија, достапен е на официјалниот сајт.

UPDATE II: Трејлерот може да се симне и од тука. Пасвордот за архивата е maktrek.


Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 11/15/2008 10:51:00 AM | 4 коментар(и)
Wednesday, November 12, 2008
Прва слика од "новиот" Enterprise NCC-1701. Бев сигурен дека ова нема шанси да го утнат и мило ми е што така испадна. Нема поента Ентерпрајз да не изгледа како Ентерпрајз. Факт е дека е еден од најпрепознатливите елементи во Star Trek и неможеш да го смениш и да го направиш да изгледа поинаку.

Има ситни измени, но генерално тоа е тоа, и морам да признаам дека ми се допаѓа. Се надевам дека и горниот дел е исто така океј. Внатрешноста е таква каква што е, но тоа е тоа.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 11/12/2008 12:17:00 AM | 0 коментар(и)
Tuesday, November 11, 2008
Се појавија првите постери за Star Trek XI кои ќе бидат излепени низ кината ширум САД. Едноставни, црно-бели тизер постери, кои на прв поглед на тие што не се фанови и не го следат развојот на филмот, не би им значеле многу. Веројатно за подобри (стандардни) постери, ќе треба да се почека уште некое време.

Постерите може да се превземат од официјалниот сајт.

Трејлерот ќе се појави наредниот понеделник, ќе го има и на официјалниот сајт. Викендов, Quantum of Solace, ќе се појави и во кината низ САД (кај нас веќе игра, го гледав) и трејлерот ќе биде прикажан пред филмот. Веќе е познато што може да се види во трејлерот, па ако некој сака да си прочита пред да го гледа, клик тука.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 11/11/2008 09:13:00 AM | 2 коментар(и)
Monday, November 03, 2008
Како што може да се забележи, денес е додадена нова анкета (после толку време). Не функционира како што сакам, резултатите не ги покажува на кирилица, па да речеме, ќе биде привремена, додека не најдам некоја што ќе биде подобра. За ова прашање, ќе одиме со оваа.

Значи, што очекувате од новиот Star Trek филм? Ќе стои некое време, па гласајте.

Друго што е ново? Додадов линк во сајдбарот до постот со банерите, доколку некој ги сака да не мора да копа по архивата. Мејлот го додадов на истото место, по видливо е тука горе. Кога сум кај мејлот, пред некој ден добив мејл каде што еден читател ме прашуваше за линкот на галеријата на позадини што ја имаше порано. Скоро и да имав заборавено на тоа, па еве, ќе се потрудам да ја апдејтувам галеријата со позадини со поголема резолуција и ќе ја додадам во сајдбарот. До тогаш, еве го линкот со старите. Shareapic.net очигледно никогаш нема да си го решат проблемот со серверите, па затоа новата галерија ќе биде хостирана на друго место.

На мејлови одговарам кога ќе најдам време, па најубаво тоа што имате да прашате или да кажете, пишувајте го тука. Многу почесто го проверувам блогов, отколку мејлот. Ќе пробам да најдам и некоја скрипта која што би ги покажувала и новите коментари на постовите во сајдбарот, за да немора да чекаат одобрување со кое гледам каде има нови.
 
автор: Бојан Николов @ 11/03/2008 02:42:00 PM | 0 коментар(и)