Wednesday, November 19, 2008
Ми се чини дека во повеќе наврати имам спомнато за Star Trek: New Voyages. Станува збор за популарната серија направена од фанови која ја продолжува тригодишната мисија на капетанот Кирк. Ги имам гледано првите епизоди и не се толку лоши, со оглед на тоа што се правени со минимален буџет и екипа создадена од ентузијасти кои не се занимаваат професионално со глума.

Луѓето зад New Voyages дури успеаа да вратат дел од старите ликови од оргиналната серија како гости, веќе ги имаа Валтер Кониг како Чехов и Џорџ Такеи како Сулу а гостуваше и Денис Крозби (Таша Јар). Епизодите се достапни за бесплатно симнување од официјалниот сајт. Од пред некое време името од New Voyages го сменија во Phase II. Незнам зошто, New Voyages беше многу пооргинално.

Она што повторно ми го сврте вниманието кон серијава, беше вчерашниот текст на TrekMovie. На серијата ќе и се приклучи нов актер како Спок, и тоа тип што неверојатно многу личи на Закари Квинто а ќе има и нова епизода наскоро. Добра вест, бидејќи типот што досега го глумеше Спок беше прилично лош. Сепак, се трудам да не сум премногу строг бидејќи сепак се работи за фан-серија, а не за абоминација која прети да го закопа Star Trek уште толку.

Интересно е да се погледне, во секој случај. Имам гледано повеќе вакви фан-серии и можам да кажам дека оваа е најквалитетната.

Star Trek: Phase II инаку е името на официјалното продолжение на оргиналната серија. Повеќе за тоа - тука.
 
автор: Бојан Николов @ 11/19/2008 07:32:00 PM |


0 Comments: