Saturday, November 22, 2008
Верувам дека сите сакаме добра приказна сместена во алтернативен универзум. IDW Publishing овој месец започна нов мини-серијал под името Star Trek: The Last Generation. Секогаш им се радувам на нови IDW Publishing Star Trek стрипови, бидејќи како што изминува времето стануваат се поинтересни и поинвентивни. Месецов заврши и Star Trek: Mirror Images за кој наскоро ќе го рецензирам и ќе биде проследен со линкови за симнување на петте броја.

The Last Generation почнува со алтернативна верзија на дејство од филмот Star Trek VI: The Undiscovered Country, каде што капетанот Кирк не успева да го спречи атентатот врз Претседателот на Федерацијата на Китомерската Конференција. Тоа доведува до војна со Клингонската Империја и уништување на Федерацијата. Дејството се поместува во времето на Жан-Лук Пикард каде што тој предводи мал отпор против Клингонците кои ја имаат освоено Земјата.

Првиов број е само почеток, почнува ептен интересно и едвај ги чекам новите броеви. Може да се превземе од овој линк. До тогаш, погледнете ги стриповите кои веќе беа рецензирани на МакТрек, Star Trek TNG: The Gorn Crisis и Star Trek: Year Four.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 11/22/2008 11:56:00 AM |


3 Comments:


At 5:21 PM, November 22, 2008, Anonymous Anonymous

Друже, со што се отвара ова бе?

 

At 5:28 PM, November 22, 2008, Blogger Бојан Николов

Со CDisplay, тоа е програмот специјално за вакви фајлови. А, можеш и со WinRar, ќе отпакуваш и ќе ти биде во .jpg формат. Јас преферирам CDisplay. :)

 

At 4:33 PM, November 23, 2008, Blogger Gohan

Фала за стрипов и за сите други.Морам да ти кажам дека и дизајнов многу ми се допаѓа на блогов.