Tuesday, November 11, 2008
Се појавија првите постери за Star Trek XI кои ќе бидат излепени низ кината ширум САД. Едноставни, црно-бели тизер постери, кои на прв поглед на тие што не се фанови и не го следат развојот на филмот, не би им значеле многу. Веројатно за подобри (стандардни) постери, ќе треба да се почека уште некое време.

Постерите може да се превземат од официјалниот сајт.

Трејлерот ќе се појави наредниот понеделник, ќе го има и на официјалниот сајт. Викендов, Quantum of Solace, ќе се појави и во кината низ САД (кај нас веќе игра, го гледав) и трејлерот ќе биде прикажан пред филмот. Веќе е познато што може да се види во трејлерот, па ако некој сака да си прочита пред да го гледа, клик тука.

Labels:

 
автор: Бојан Николов @ 11/11/2008 09:13:00 AM |


2 Comments:


At 5:16 PM, November 11, 2008, Blogger freestyle

ногу работи во трејлерот...

 

At 5:34 PM, November 11, 2008, Blogger Бојан Николов

Ќе видиме следната недела. :)