Wednesday, December 24, 2008
Star Trek XI ќе биде завршен комплетно, следната недела. Моментално се довршува аудио миксот. Абрамс е задоволен и едвај чека да го видиме. Јас не баш. Како и да е, очекувам периодов да започнат агресивна кампања, бидејќи до мај следната година им останува доволно време за голема реклама. Знаат што пали кај народот и како да привлечат внимание, не работи толкав маркетинг тим за џабе, нели? Сигурен сум дека ќе убедат уште многу фанови дека филмот ќе ги исполни нивните очекувања.

Анкетата ја затворив денес, мислењата се поделени. Траеше околу еден месец и гласале 67 посетители, да не речам IP адреси. За жал, не успеав да ја средам кирилицата, така што резултатите си останаа на латиница. Резултатите може да се видат на овој линк. Ќе има нова анкета деновиве.

Star Trek: Voyager од денес почнале да даваат на НашаТВ. Од 19:30. Добивав флаери низ град за ова, а видов и автобус излепен со реклама. Интересен потег, само што немам време баш време за гледање.

Излезе и вториот број на стрипот Star Trek TNG: The Last Generation. Ќе пишам нешто повеќе викендов.
 
автор: Бојан Николов @ 12/24/2008 11:53:00 PM | 6 коментар(и)
Thursday, December 18, 2008
Денеска, на 76 годишна возраст, по долго боледување од леукемија, почина првата дама на Star Trek, Мејџел Берет-Роденбери, сопруга на творецот на франшизата, Џин Роденбери.

Мејџел Берет засекогаш ќе остане запаметена по нејзината улога како медицинската сестра Шапел во оргиналната серија. Покрај тоа, го позајмуваше гласот на компјутерот на USS Enterprise во оргиналната серија и The Next Generation, а исто така и гласот на компјутерот на USS Voyager и компјутерот на вселенската станица Deep Space Nine.

Мејџел неодамна го заврши и снимањето за новиот Star Trek филм, каде повторно го позајми гласот на компјутерот на USS Enterprise.

Нека почива во мир.
 
автор: Бојан Николов @ 12/18/2008 11:12:00 PM | 1 коментар(и)
Tuesday, December 02, 2008
Можеби и најконтроверзната епизода од оргиналната серија. Поради темата која инволвира нацизам и нацистички обележја (содржи дури и оргинална снимка од Хитлер) , епизодата уште тогаш била забранета во Германија и е емитувана дури во 1999 година и тоа на pay-per-view во доцните вечерни часови. Ова е 23-тата епизода од втората сезона.

Ентерпрајз е упатен на мисија кон планетата Екос, за да го земе историчарот Џон Гил кој престојува на таа планета. Бродот е нападнат од ракета направена со технологија за која жителите на Екос не би требло да имаат познавање. Стравувајќи дека е нарушена Примарната директива, Кирк и Спок се транспортираат на Екос. На планетата затекнуваат култура која е идентична на фашистичка Германија и владее нацизам, а фирер е токму историчарот Џон Гил.

Епизодата е полна со грешки, од продукциски до грешки во униформите и чиновите на униформите, но многу пати сум кажал дека баш од такви ситници е составена магијата на оргиналната серија. Меѓу другото, во епизодава го има најоргиналното бегство од затвор што некогаш сум го видел. Обрнете внимание и на зелената крв на Спок. А, интересен факт е дека штабот на нацистите се всушност канцелариите на Paramount Pictures. Ете, до толку бил мал буџетот.
 
автор: Бојан Николов @ 12/02/2008 09:27:00 PM | 1 коментар(и)